Мене сабајлево ми стигна уште една неоснована опомена. Една грешка е грешка. Две грешки се веќе патерн/проблем.
По добиен совет од рандом полицаец кој го застанав на улица да го прашам, отидов во полициска станица и поднесов пријава/приговор. Им однесов и испринтани записници, пополнив на лице место приговор. Ги прашав дали ќе добијам некаков одговор, ми кажаа дека да. Да бидам искрен, не сум оптимист, ама оставам простор да бидам изненаден.
Во секој случај, има повеќе вакви проблеми и луѓе пријавуваат. Ќе се надмине и олесни ситуацијата кога ќе стигаат и фотографии, ама и за тоа треба да има едноставна процедура за поднесување приговор онлајн, не да се мандра човек да оди во полициска станица. Што ако дента има 50 луѓе кои сакаат да поднесат приговор? Ќе се убиеме од чекање.