Побарај по интернет (најверојатно има) статистика на жртви кога било 60 и сега од кога е 50. Јас имам чувство дека од кога се ограничи на 50 има дупло повеќе жртви. Можеби тоа се должи на повеќе возила и пешаци во последниве години ама според мене факт е дека има повеќе жртви.
Од друга страна 50 км/ч е толку лоша брзина за проценка и на пешак ама и на возач. Пешаците викаат аааа овој споро вози далеку е ќе претрчам а возачот вика ееее ќе закочам ако претрча некој, 50 возам и ете ти куршлус. 60 за на булевар е таман. За други улици се слагам 50 па и 40. За пред школи, градинки и 30 е многу.
7 октомври 2015 се смена лимитот од 60 на 50.
Број на регистрирани возила 2014: 437686 возила
Број на сообраќајни незгоди: 3852
Број на регистрирани возила 2024: 699111 возила
Број на сообраќајни незгоди: 4526
Има намалување на несреќите во однос на бројот на коли или:
од 1 незгода на 113 возила во 2014
до 1 незгода на 154 возила во 2024
Во проценти: 36 % намален релативен ризик.
This house is clear!