Кога сме кај препорачан притисок за оваа димензија на гуми ,според лепенката на вратата ,колку што можам да сватам,за нормално комфорно возење минимален препорачан притисок е 2.4 бари на предни и 2.2 бари на задни,при нормално оптоварување,па се до максимални 2.7 бари на предни гуми и 2.5 бари на задни при нормално оптоварување.Кога е максимално оптоварена со 5 патници и полн багаж притисокот треба да е 2.7 бари на предни и 2.9 бари на задни.

Првично ги направив 2.6 бари предни со 2.5 бари задни,но беше прекрута за возење па ги намалив на 2.5 бари предни со 2.4 бари задни,и сега е подобро за возење.
Очекувам со затоплување на времето да стане уште помека за возење,сега температурите се од 8С до 13С.
