Матриксот е одличен,не би го менувал за ништо друго,секој пат кога времето е малку магливо и кога возам ноќе,тогаш баш се приметува како кога доаѓа возило од спротивната страна се гасат сегмети од светлата и не го осветлуваат возачот од спортивната страна,одлично нешто.
Во споредба со Q3kata оваа многу помеко тргнува и без притисната папуча за гас,се движи споро,дури и преспоро по мој вкус.Кога е вклучен сити асистент и кога сама тргнува тоа го прави меко,само кога треба да кочи тоа го прави преагресивно за мој вкус.
Се до некои си 150км/ч скоро и да не се слуша ништо во кабината,на 130км/ч е онака баш дремка да те фати.
Ако се одбере Динамичен мод и спорт мод на менувачот тогаш е агресивна,ги држи вртежите малку повисоко и одма повлекува.Претежно ја возам во комфорт мод,тогаш е малку мрзлива,ги држи вртежите на околу 1200-1400,па треба да прешалта во пониска брзина па онака добро да повлече.
Споредено со Q3kata некако како да не е толку агресивна,помеко е се,забрзува подобро од Q3kata но се е некако помеко.
Кај Q3kata есп-то се вклучување па и во 3 брзина,на оваа до сега само на снег се вклучува.Ултра кватро е и не дозволува да пролизгаат гумите.Од мирување А4ката(204 PS) лепи на седиштето многу повеќе од Q3kata(183 PS).
Едно видео како забрзува,треба да снимам од мирување како забрзува.
http://www.youtube.com/watch?v=90XpRwIjK5E