Одамна не е пишувано во темава,има неколку работи кои сакам да ги спомнам овде.Возилото го имам веќе 7 месеци,поминати нешто помалку 10000 км,моментална километража е 55625км.Сега за сега се е одлично.Закажан термин за сервис на 13 август,до тогаш возилото ќе има околу 60000км,па најверојатно ќе се менува масло во менувачот и диференцијалот.Ќе прашам ако е можно на мој трошок да се промени масло во моторот и филтер за масло.Колку за информација,за овие 10000км си испи околу 600мл масло,очекувано.
За 2 недели ќе се вози ДЕ-МК-ГР-МК-ДЕ,околу 5000км.
Па бидејќи возилото дојде со сет за поправка на дупната гума,без резервно тркало,малку истражував која димензија на тркало е потребно и дигалка,најдов дека е потребен бандаж со број 8W0601027.
Најдов резервно тркало и дигалка,никогаш не користени.
Планот беше тркалото да се вози така во гепекот по потреба.
Денес тркалото го монтирав да видам дали одговара,па и успеав да го сместам во гепекот каде и ткалото треба да стои од фабрика.Одстранет делот каде беше сместен сетот за поправка (пумпата и клучевите) и ставени во преградата во гепекот,се на се си намести одлично.







Најдов една корпа каде малку од малку ги организирав средствата и се додатно кое ми е потребно за перење на возилото,ја земам целата корпа и правец пералната.

Бонус слика
