Денес попладне си засукав рукавите. Прчот ми набави „премиум“ роба и овој пат:

Старите у канта- новите на кола:

Попладнево само предните ги сменив, за нив ми беше доволно 2 саати активна работа. За задните ќе ми треба многу повеќе врме, веројатно цел ден, пошто ќе треба пола внатрешност да ја растурам дур да дојдам до горните штрафови.
Нема да опишувам технички како ги менував, сум пишувал неколку пати како сум менувал амортизери, нема потреба мислам..
А, да. Покрај амортизерите, сменети и горните гумени лежишта со нови SNR. Сепак, направив пропуст, прашинарките и бампстоповите се стари. Здравје, лесно се вадат амортизериве, ако некад ми текне, ќе ги сменам и нив.
Значи, ако постои една единствена работа која што може да направи екстремно голема промена во однесувањето на колата, тоа е замена на стари истрошени амортизери со нови - квалитетни. Неверојатна трансформација. Друга кола.
Едвај чекам викендов и задните да ги сменам.
BTW, ако некого го интересира процдеурите за менување еве два линка:
за предните:
https://youtu.be/dWNENdSEoF8и за задните:
https://youtu.be/bNqTwZdo3gQ