Какво е општо возењето на 18-ки на релативно компактно возило?
И споредено летни - зимски гуми?
За некоја нијанса, како малку по меки се зимските од летните, но истовремено како по бучни да се. Но само еден круг низ град ги извозив зимските, така да рано е, треба да ги провозам повеќе за да споредам.
Инаку ова ми е прва кола со 18-ки, а не сум возел Мазда со 16-ки фелни, за да ја осетам и направам разликата. Можам само да споредам со Голф 7 кој го возев предходно на 16-ки фелни. И Голфот и Маздата се покрути возила, но па и од двете се добива одличен фидбек од патот. Маздата како малку подиректно управување да има, дали поради пошироките гуми, незнам. Исто така иако Маздата е на 18-ки, по рафинирано ги впива нерамнините.
И уште една разлика е што ме бричат со пари за гуми

.
Sent from my 22101316G using Tapatalk