Неколку апдејти што ги направив на колата, првен си доби керамичка заштита колата. Многу се мислев за ова, но мислам дека не згрешив, пред се поради муабетите дека лакот кај Mazda не баш нај нај, па предпоставувам добив плус заштита. Колата изгледа подобро и од салон кога ја земав, дури и не перена. И супер е тоа што има во Велес дечко кој работи професионално, јас презадоволен, да немора да шетам и губам време, туку да си средам локално.
Исто така земав и лед, и ги заменив жолтите дневни светла. Читав, барав инфо на нет и накрај нарачани од ak24parts, си работат одлично, без да јават грешка. Последно, мака мачам да најдам бандажи за зимските гуми, дечкото од Mareli многу коректен, но кај нас преовладуваат германските коли и малку повеќе е проблем за јапанци, не дека нема ама или мене не ми се допаѓа, сакам сиви нејќам со црни детали или пак димензијата не е ОМ. Изгледа ке морам за ова зимо да одам со промена на гуми на истите бандажи, со надеж дека до напролет ке налета нешто. Еве неколку слики како испадна.

