Идемо опет...... 1000 пати горе доле со максимална брзина на клипот која е на 8500-1000 вртежи (зависно од конструкцијата на моторот, пред се` од ходот на клипот, различна е максималната брзина) во лер, ќе резултира со помалку абење отколку 1000 пати горе доле со брзини на клипот на 2000 вртежи во минута при движење. Води сметка дека моите, а и сите други бензинци, не се возат нормално со под 1500-1800 вртежи во минута а 2000 е нормално полека возење.
Неточно Симо. Кога триењето се одвива со помала брзина повеќе се оштетуваат компонентите.
1) При помали брзини, триењето е поголемо, т.е. поголемо е взаемното влијание на металите. Една од причините за работата на моторите на повисок број на вртежи при лер-гас кога времето е ладно е токму таа. Проучи ги карактеристиките на триење на металите при мирување и при движење кога се подмачкани или кога не се подмачкани.
2) За моторот да направи 1000 ходови горе доле лер-гас (500-1000 вртежи) при помал број на вртежи е потребно повеќе време отколку при возење на 1500-2500 вртежи за онолку пати колку што просечниот број на вртежи при возењето е поголем вртежите при лер-гас. Но времето при кое компонентите се тријат и во двата случаи ќе биде исто, со тоа што при побавното движење триењето е поголемо.
Заклучок: 1) За истото време при лер гас материјалите повеќе ќе се истрошат одошто при работа на повисоки вртежи
2) При возење се скратува времето на работа на моторот кога не е загреан, а со тоа му се зголемува векот.
Пак ќе ти кажам, за принципот „тргни веднаш“ немам против, но не сметам дека загревањето (на бензински и турбо мотори) му штети толку многу.
Му штети повеќе одошто да тргнеш веднаш и со умерено возење да го загрееш.
Единствено, математички, бидејќи потрошувачката е 0mpg, и нема никакво движење, моторот во својот работен век ќе помине помалку километри, отколку мотор кој се загрева во движење.
Не е битно колку километри ќе помине, туку битно е како. Некој успева да го зариба моторот на 10000km, а друг истиот тој мотор ќе го вози 500000km без ремонт. До шоферот е пред се.