Автор Тема: Пробни таблички, сопатник и трошоци при купување на нова кола  (Прочитано 2327 пати)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Не знам за кој бренд си се одлучил, но при купување на ново возило од салон немаш никакви дополнителни 2% данок – сè тоа ти е веќе вклучено во цената. Како што ќе се договориш со продавачот, така ќе ја добиеш и финалната цена. Пример: ако возилото чини 1.258.000 денари, тие пари ги уплаќаш директно на жиро-сметката на компанијата, и тоа е тоа.

Ако возилото не е на лагер, туку е преднарачка, обично се остава капар од 500 евра. Биди паметен – барај цената да биде фиксна, без можност за зголемување до денот на испорака. Некои чекаат и по 3, 6, 9 или 12 месеци, зависи од моделот.

На денот на примопредавање:
Прегледај го внимателно возилото – внатре и надвор. Штом излезе од салон, потешко е да докажуваш евентуални недостатоци. Дилерите прават техничка проверка пред предавање, но и ти си провери сè – не се потпирај само на тоа што е „ново“.

Опрема:
Провери го детално листот со опрема – да знаеш за што точно плаќаш.

Пробни таблици:
Пошто си од друг град, вака одиш:
На улица „Скупи“ (спроти Систина) во Скопје има технички преглед – таму се вадат пробни таблици (важат 5 дена, околу 2.000 денари).
Важно: Со пробни таблици, само возачот смее да биде во возилото – нема сопатници, така е по закон.
Ако не ти е згодно – можеш да го пренесеш и со шлеп-возило.

Регистрација:
Во рок од тие 5 дена мора да го регистрираш. При првата регистрација се ослободуваш од технички и така се до 8 година една плаќаш една не, си плаќаш регистрација осигурвање и нормално ако сакаш зелен картон (каско ти е избор за мене обично фрлање на пари ако решило да му биде нешо нека му биде) Според мене глупости не видени и фрлање без везе пари.

Совет:
Од искуство, ти препорачувам да одиш преку АМСМ, а не приватни агенции. Процедурата е едноставна, брза и чиста – понеси го договорот за купување и листот со опрема, и тоа е тоа.При регистрација

И однапред – честитки за купувањето! Без разлика кој модел ќе го избереш, нека ти служи со среќа и во здравје да си го возиш. Само пази да си имаш сè на хартија и да не те лажат за „уверување на збор“ – најважно е да си покриен со документи. Среќно!

Отсутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
@andrejnaumovski како шо стравував, ќе мора со пробни. ризик ми е да одиме двајца во кола, така да ќе мора така изглеа, сам да одам.
@Jimny во ризик да не распалам дискусии, нема да навлезам длабоко во темата/изборот, тој избор падна на Geely Starray од едноставна причина шо за таа цена, опрема, големина итн ниедно друго возило не му иди близу (еден од пресудните фактори е и големина на гепек). се останато е со минимум 5К-6К плус, за да се добие нешто околу таа цена. а и правев тест возење на mg hs, C4X, и не се сеќавам шо друго, starray ми остави ептен убав впечаток, како за просторност и опрема, така и за чувство при возење.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одлично возило за таа пара, Одлично во секој поглед браво за изборот и да Сале е прекрасен човекот од Gelly Macedonia 🇲🇰

Отсутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Одлично возило за таа пара, Одлично во секој поглед браво за изборот и да Сале е прекрасен човекот од Gelly Macedonia 🇲🇰

Со него контактирав, и буквално човекот е прекрасен, предобар, се шо треба се ми објасни, ептен е фокусиран околу возилата, отидов во сабота во салонот на крај на ден, абе човекот вика ајде одиме да возиме, а мене ми беше ептен незгодно, крај на ден во сабота, одвај се натерав да влезам ми беше ептен незгодно,не свртивме голем круг ама сепак, ептен е достапен човекот и топ во секој поглед.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30063
    • CARclub.mk
Кога ќе ја земеш колата, обавезно да ни ја претставиш тука на форум. :)

Отсутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Кога ќе ја земеш колата, обавезно да ни ја претставиш тука на форум. :)
би требало некаде септември/октомври, така е сега планот, и обавезно ќе ја претставам

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Или опција е, секако ако сакаат од салон да ги пратат документите до охрид да не правам два круга до скопје и назад... Ма да чисто сумњам дека ќе го направат то

Здравје сабота идам Охрид. Ако одговара, можам јас да ти ги донесам документите… ако е возможно и ако ти одговара тебе… Кога ти пристигнува возилото?
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Или опција е, секако ако сакаат од салон да ги пратат документите до охрид да не правам два круга до скопје и назад... Ма да чисто сумњам дека ќе го направат то

Здравје сабота идам Охрид. Ако одговара, можам јас да ти ги донесам документите… ако е возможно и ако ти одговара тебе… Кога ти пристигнува возилото?
друже фала ти ептен шо се понуди, ама планот ми е некаде септември октомври да ја земам, сега не, ама за ова шо се понуди, пиши да седниме на пиво да частам ако сакаш :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Или опција е, секако ако сакаат од салон да ги пратат документите до охрид да не правам два круга до скопје и назад... Ма да чисто сумњам дека ќе го направат то
Земи си пробни, 20мин. процедура ти е, зошто да се измислува топла вода? За тоа се тие таблици, Да си раат до вистинските.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
10 минути и 1.400,00 денари пред два месеци.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
@andrejnaumovski како шо стравував, ќе мора со пробни. ризик ми е да одиме двајца во кола, така да ќе мора така изглеа, сам да одам.
@Jimny во ризик да не распалам дискусии, нема да навлезам длабоко во темата/изборот, тој избор падна на Geely Starray од едноставна причина шо за таа цена, опрема, големина итн ниедно друго возило не му иди близу (еден од пресудните фактори е и големина на гепек). се останато е со минимум 5К-6К плус, за да се добие нешто околу таа цена. а и правев тест возење на mg hs, C4X, и не се сеќавам шо друго, starray ми остави ептен убав впечаток, како за просторност и опрема, така и за чувство при возење.

Треба на некој ептен дебил да налеташ да ти пише казна за ова...

ко шо сум малер, можи и да ме застанат :D

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 425
@andrejnaumovski како шо стравував, ќе мора со пробни. ризик ми е да одиме двајца во кола, така да ќе мора така изглеа, сам да одам.
@Jimny во ризик да не распалам дискусии, нема да навлезам длабоко во темата/изборот, тој избор падна на Geely Starray од едноставна причина шо за таа цена, опрема, големина итн ниедно друго возило не му иди близу (еден од пресудните фактори е и големина на гепек). се останато е со минимум 5К-6К плус, за да се добие нешто околу таа цена. а и правев тест возење на mg hs, C4X, и не се сеќавам шо друго, starray ми остави ептен убав впечаток, како за просторност и опрема, така и за чувство при возење.

Треба на некој ептен дебил да налеташ да ти пише казна за ова...
Знам за два случаеви што ги имаат пишано за тоа, така да како ќе ти се погоди.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Цитат
Член 150
(1) Во возило кое е означено со пробни таблици, не смее да се превезуваат други лица или товар.
(2) По исклучок, во возилото од ставот (1) на овој член, покрај возачот може да се превезува уште едно лице ако е сопственик, односно носител на правото на користење на возилото.
(3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

По закон значи, вози друг а газдата совозач, обратно казна.  ;D

Отсутен spiritBreaker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Значи исто ќе платиш ако извајш пробни (2800 ден) и ако те фатат, 45 евра. Само шо во вториот случај ако не ги извајш, се спасуваш од транкање во амсм логикава со закониве и казните е... Смешна