Не знам за кој бренд си се одлучил, но при купување на ново возило од салон немаш никакви дополнителни 2% данок – сè тоа ти е веќе вклучено во цената. Како што ќе се договориш со продавачот, така ќе ја добиеш и финалната цена. Пример: ако возилото чини 1.258.000 денари, тие пари ги уплаќаш директно на жиро-сметката на компанијата, и тоа е тоа.
Ако возилото не е на лагер, туку е преднарачка, обично се остава капар од 500 евра. Биди паметен – барај цената да биде фиксна, без можност за зголемување до денот на испорака. Некои чекаат и по 3, 6, 9 или 12 месеци, зависи од моделот.
На денот на примопредавање:
Прегледај го внимателно возилото – внатре и надвор. Штом излезе од салон, потешко е да докажуваш евентуални недостатоци. Дилерите прават техничка проверка пред предавање, но и ти си провери сè – не се потпирај само на тоа што е „ново“.
Опрема:
Провери го детално листот со опрема – да знаеш за што точно плаќаш.
Пробни таблици:
Пошто си од друг град, вака одиш:
На улица „Скупи“ (спроти Систина) во Скопје има технички преглед – таму се вадат пробни таблици (важат 5 дена, околу 2.000 денари).
Важно: Со пробни таблици, само возачот смее да биде во возилото – нема сопатници, така е по закон.
Ако не ти е згодно – можеш да го пренесеш и со шлеп-возило.
Регистрација:
Во рок од тие 5 дена мора да го регистрираш. При првата регистрација се ослободуваш од технички и така се до 8 година една плаќаш една не, си плаќаш регистрација осигурвање и нормално ако сакаш зелен картон (каско ти е избор за мене обично фрлање на пари ако решило да му биде нешо нека му биде) Според мене глупости не видени и фрлање без везе пари.
Совет:
Од искуство, ти препорачувам да одиш преку АМСМ, а не приватни агенции. Процедурата е едноставна, брза и чиста – понеси го договорот за купување и листот со опрема, и тоа е тоа.При регистрација
И однапред – честитки за купувањето! Без разлика кој модел ќе го избереш, нека ти служи со среќа и во здравје да си го возиш. Само пази да си имаш сè на хартија и да не те лажат за „уверување на збор“ – најважно е да си покриен со документи. Среќно!