Прво посериозно возење на Q3-ката, од Гутерслох-ДЕ преку Австрија-Словенија-Хрватска-Србија -Кавадарци.Тргнав во вторникот во 22:00ч, веќе во средата во 20:00ч бев во Кавадарци.Од тие 22 часа, според бордот, во возење биле 19 часа и 40 минути, поминати 2012км, просечна брзина 102km/h и просечна потрошувачка од 6.4л на 100км.Според моите пресметки , потрошувачката е за околу 0.4л повисока од таа на бордот,значи околу 6,8л на 100км.
Германија се возеше помеѓу 140km/h-160km/h,Австрија и Словенија според знаци од 100km/h-130km/h,Хрватска главно 140km/h,Србија со 135km/h.Ова се брзините со кои поголемиот дел возев, се разбира имаше на места гужви,за излез од Хрватска и влез во Србија го користев преминот Товарник,каде се вози некои си 45-50км во населени места.
За автопат и патишта со добра инфраструктура Q3 е добра, но за македонската инфраструктура возењето е круто,како и секој СУВ со обична суспензија.
Како и да е , одлично се покажа и на подолги патувања, за некој ден ќе го провозам и до Грчка-Јонски Брег и возилото менува адреса,останува во МК и поретко ќе го возам.