Исто ама не е исто,хендлерите имаат плацеви и продаваат само стари возила, Авто куќите продаваат нови возила и по некое старо кое најчесто е оставено старо за ново.
Буџетот беше првично 14к,па за тие пари немаше ништо,па се зголеми на 16к-16500к до 200к км,не повеќе од 200к км.Не се брзав да земам возило,барав упорно, дури планот беше ако не најдам Q3 до крајот на април,да барам А3 или А4 за во август да го симнам долу за татко ми.
За од 18к до 21к има во секој момент да најдеш слично и подобро и со помала километража, но тие си стојат со месеци по огласите и сеуште не се продадени.Реално 20к за 9-10 години старо возило се многу.
Бев обесен на мобиле,аутоскоут,клаинзаиген по цела ден. На сите вебстрани акаунти и активирана нотификација ако испадне нов оглас.
За тие 4 месеци испаднаа 3-4 огласи со доста убави цени,но немав среќа да бидам прв и да закажам термин.
За едно слично како ова но бело со нешто помала километража со цена од околу 15к кога се јавив ми рекоа дека веќе некој чека одобрување на кредит, ми рекоа да се јавам наредниот ден повторно , во случај да не му одобрат кредит да закажам термин.Но кога се јавив веќе било земено.На оглас беше 1 ден,вториот ден го избришаа огласот.
Останатите 2-3 ,кога се јавував да прашам ми кажуваа дека веќе некој имал закажано термин,за истата и наредната ден огласот да биде избришан.
Ова возило било оставено старо за ново ,оставено и ценето со многу ниска цена а Ивонне (првата сопственичка) си доплатила и земала ново.Сообраќајната нејзина е кај мене.
Преку 18-20 возила проверив на КарВертикал, 4-5 кои ги проверив имале оштетувања, од 1500е па едно имаше штета од 20к.

Ова дури 3 пати ударано ама последниот пат здраво ударено

Останатите кои беа унфалфреи одев и ги гледав,имаше возила кои со поминати 140к км само 3-4 пати променето масло,на 3 години и на 30000-40000км промена на масло.
Видов возила кои околу дизни имаше црн гареж а со километражи од 140к-160к.
Едно возило кое го видов во С-лине изведба со 125к надворешно беше во добра состојба,ама внатре пластики искршени,влакна од куче,не седнав ни да го извозам,само ги отворив вратите видов и за 10 мин си заминав,а возев 220км во еден правец.
Правилото убаво а ефтино генерално е така,ама тука во ДЕ ако си упорен може и да ти се посреќи.
Кога го земав ова од Магдебург му реков дека за назад имам 300км автопат, ќе го тестирам до макс, имам 6 месеци гаранција и имав 14 дена ако нешто излезе со возилото да го вратам.
Тие 14 дена не знам колку км направив,платив една казна од 40е за брзо возење.
Ставена на дијагноза, ДПФот е добар, масло и антифриз не троши,менувачот си работи одлично,според сервисната книга 3 пати е менувано масло во менувачот и халдексот.
За 2 месеци го возам до МК,2000+ км што биде нека биде.
Со здравје да ја возите.
Мило ми е, што заради муабетите што ги имавме за работата тука, што за таму и почетоците. 
Пунтото го чуваш уште?
Да пунтото стои, за овие две и пол години поминав над 25к км со него без проблем.
Со него бев да го гледам ова, 600км во истата ден поминав на автопат, не умре а на 4000рпм се возеше 300км без пауза.
Svaki cigo fali svoga konja.
Hendler mendler bitno fuci logo na vrata. Za tie pari sto e zemeno duri i preplateno e ama aj belki kje se pogodi. Filtrite Audi vidi datum da ne se samo fabrickite 
Да во право си.
Де како поупатен јас не знам каде ја пишува датата,која дата е?
Филтерот за полен,лани сменети сите филтри,барем така пишува?

Белки ќе се погоди да, ако не друго ќе се земе.
Битно е фабрички со лед светла метла и тракатанци, имам чуено тие со Мерцедес Б класа мкнат кабли за лед ламби и шабанарии, па радија ЈВЦ МВЦ усб СД.Барем да не мкнам, ова шабанарија е еден џек,отштекуеш и уштекуеш.
ПС. Има една стара и вика :За мирен и долговечен живот не се расправај со љубоморни,со сеирџии и глупи итн.
Ќе почнам да го практикувам.