Здраво на сите,
После подолго време следење на форумот дојде време да пишам за консултација.
Бидејќи ни здосади со подобрата половина да ги ротираме двете стари коли да не ни скапаат на паркинг, решивме да ги продадеме и да земеме една понова и поубава.
После некои компромиси, да е спортско, да собира 4-5ца, економично и „поново“, имајќи предвид дека рипнаа и цените на половните коли, се одлучивме на нова кола и тоа се мислиме меѓу два модели:
- Мазда 3 со 2.5 атмосферец, 4cyl 140 кс мануелец, хечбек варијанта со center-line опрема или
- Toyota Yaris 1.5 хибрид, 3cyl 116 кс ауто, со Fancy опрема
Маздата ја немам возено, имам седнато само и внатре е авион..со „кожа“ на шал табла, греачи на се и сешто, HUD, секаде убави материјали. На папир ми е многу интересен фактот што има 2.5 атмосферец, ме потсекја на германските лумузини од пред 15-20 години, а и ми се допаѓа идејата на поголем мотор во помала шасија, мислам дека ги прави постабилни.
Тојотата си е тојота..економична, скоцкана, ја имам возено и е прилично стартна поради електричниот мотор. Со CVT ауто-то е како картинг, гас и кочница и не се осеќаат брзини. Си има и одличен сервис и 10 год гаранција, а и поевтина е некои 3к.
Прашањето ми е дали некој имал повеќе искуство со Маздиве, посебно со сервисот Мазда кај нас? Знам дека е поскап (~20к за мал сервис), ама немам никакви информации во однос на квалитетот на сервисот и се остало.
Дали и што друго можеби би одбрале во овој ценовен ранг (<25k еур)?
Поздрав до сите
