Автор Тема: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks  (Прочитано 9682 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2838
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #45 на: 26 Јануари 2026, 10:33:03 am »
Приметив дека има трага од масло испод ременицата на радилица, односно како врти ременицата прска од масло и има баш како линија, еве една слика:



Претпоставив дека е семеринг на радилица, сакав побрзо да го решам ова, не се организирав да ја носам колата Куманово (Велиновски) кај што редовно ја сервисирам, па ја однесов во сервис Илија во Ѓорче, каде што го сменија семерингот и со одмастивач го исчистија тој простор.

После неколку дена возење (не некоја голема километрража), го проверив просторот и видов минимални траги од масло. Дали е можно тоа да е од тоа што претходно имало масло пропуштено од стариот семеринг, па сега ова да е тоа што останало додека да се исчисти со вртење на ременицата?
Своерачен потпис ;)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18054
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #46 на: 26 Јануари 2026, 13:08:45 pm »
Земи си брејк клинер во спреј, и испери убаво кај што можеш да достигнеш.

Продолжи да возиш и следи ситуација. Можно е да било резидуал, можно е да не е наместен семерингот и да си пушта пак ама само така ќе дознаеш.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2838
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #47 на: 23 Април 2026, 09:01:24 am »
Летово кога бев Грција, само што ја поминав границата, ми се упали check engine, без никакви промени во сила и забрзување (што значи без да влезе во safe mode). После некој ден се изгаси таму. Оттогаш наваму чат пат се пали, стои така два три дена, па после го снемува.

Кај и да е ми се ближи сервисот за промена на масло, па планирав таму да ми проверат.

Во меѓувреме си нарачав и ми стигна OBD скенер (дијагностика) од Тему, таман да ја проверам и ми прочита грешка P0180 Fuel Temperature Sensor A circuit.

Барав ама не најдов, да не знае некој каде е лоциран овој сензор, да видам визуелно да не е олабавен или да не има некој прекин во жицата. Некој да не имал искуство со ова/

Да не го подречам, сега за сега нема ништо, намерно не ја избришав грешката за да ја прочитаат кога ќе менувам масло, ама не е лошо да се информирам прво.

Апдејт, да не остане недокажано

За сензорот за температура на нафта во овластен бараа некои 5000-5500 денари, решено со половен сензор од кај Мети Фиат за 500 денари. Излезе многу фер, ми даде два сензора за проба, без ништо да платам, па после монтажа да му го вратам другиот и да платам 500 денари. Баш денеска треба да му го вратам другиот.



Во меѓувреме сменета и манжетна на внатрешен зглоб, случајно приметив дека е скината:

Старата


Новата


Двете операции направени на 193900 км кај Спасе во Чаир, задоволството чинеше вкупно 2500 денари + 500 денари сензорот од кај Мети Фиат половни делови. За цена на работна рака денеска е малку незгодно за дискусија, ама Спасе важи за добар мајстор, па нека тркала колата, тоа е
Своерачен потпис ;)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #48 на: 23 Април 2026, 11:36:54 am »
Кај Спасе нема што да се преговара, со години си држи квалитет.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2838
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #49 на: 12 Мај 2026, 08:36:22 am »
Пред некој ден да пуштам клима, немаше никаква реакција, воопшто не се вклучуваше компресорот. Лани работеше и ладеше ама малку чудно работеше, како на бранови да се вклучуваше компресорот, не обрнав многу внимание.

 Бев на дијагностика во сервис ВАМ, немало капка фреон, ладникот за клима бил за менување а тоа што ми работела чудно климата (компресорот) е поради тоа што немало прва брзина на надворешната перка, туку системот набивал приттисок и отпосле се вклучувал компресорот, причина: резистор. Сакав таму да ја средам колата, ама немаше опција да се плаќа со картичка.

Сите проблеми ми беа потврдени и кај Цеко клима (Вебасто), воедно добив и второ мислење, добив и конкретна понуда, се комплет (нов ладник за клима, фреон, резистор за перка, работна рака) излегуваше 11.500 денари.

Вчера земена, сега лади како што треба и плус нормално работи компресорот, вклучува одма, лани ме нервираше ама ете не се заангажирав тогаш.

Се надевам нема да има изненадувања до наредниот редовен сервис  8)
Своерачен потпис ;)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8286
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #50 на: 12 Мај 2026, 11:32:14 am »
Ај чисто да те прашам. Возам службена кола опел комбо со истиот мотор што го имаш во пунтото. По спора кола не сум возел во животот. Е сеа незнам дали е до малиот мотор или има некоја мака колава. Буквално не се осеќа во возење турбинчето, како да возиш обичен дизел. Дали е тоа нормално кај овие мотори или има некој проблем колата? Беше колата на редовен сервис минатата недела и ништо не посочија дека има некаков проблем. Инаку колата е купена од фирма пред месец дена така да незнам претходна историја. Муабетот ми е дали да одам да се карам у сервис или тоа е тоа, толку и е силата.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2838
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #51 на: 12 Мај 2026, 12:39:29 pm »
Жиле, зависи до субјективното чувство, ама колата со оглед на силата на моторот иде сосема во ред, можеби смешно ама малку појак старт и шкрипат гумите, забрзува скоро исто како бензинец, на отворено претежно ја возам 120 км/ч во 5-та брзина (иако има и 6-та), а макс сум ја возел околу 140 км/ч. Турбото убаво отвара на околу 2000 обртаи и баш убаво потегнува.

Претходното Гранде беше послабо, со 75 кс и 5 брзини и беше тромаво на старт а и на отворено ги немаше перформансите како ова со 90 кс.

Се си мислам да не има Опелот некој проблем, останува да ти дадам да свртиш некој круг со Пунтото, така најдобро ќе процениш.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8286
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #52 на: 12 Мај 2026, 13:36:50 pm »
Ти ова што го кажуваш кај опелот го нема никаде, ни на старт ни после. На автопат 100ка возам и ако треба да дадам гас за да поминам некој, до 120 му треба вечност. Е сеа ова е комбо ван, стварно е големо а и тешко ама па до толку да е тромо... Очигледно има некој проблем, изгледа ќе оди на сервис.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7165
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #53 на: 12 Мај 2026, 17:49:41 pm »
Пред некој ден да пуштам клима, немаше никаква реакција, воопшто не се вклучуваше компресорот. Лани работеше и ладеше ама малку чудно работеше, како на бранови да се вклучуваше компресорот, не обрнав многу внимание.

 Бев на дијагностика во сервис ВАМ, немало капка фреон, ладникот за клима бил за менување а тоа што ми работела чудно климата (компресорот) е поради тоа што немало прва брзина на надворешната перка, туку системот набивал приттисок и отпосле се вклучувал компресорот, причина: резистор. Сакав таму да ја средам колата, ама немаше опција да се плаќа со картичка.

Сите проблеми ми беа потврдени и кај Цеко клима (Вебасто), воедно добив и второ мислење, добив и конкретна понуда, се комплет (нов ладник за клима, фреон, резистор за перка, работна рака) излегуваше 11.500 денари.

Вчера земена, сега лади како што треба и плус нормално работи компресорот, вклучува одма, лани ме нервираше ама ете не се заангажирав тогаш.

Се надевам нема да има изненадувања до наредниот редовен сервис  8)

Со Автоклима ВАМ немаш утка, мене веднаш ми дијагностицираше дека не ми е исправна прва брзина на перката и поради тоа во најжешко време заради огромна варијација во притисокот ми палеше и гасеше компресорот.
Додека во Вебасто ме откачи со муабетот, над 35 степени така работеле компресорите, не сакаше ни да поврзе да провери дали има фреон, итн.


Ај чисто да те прашам. Возам службена кола опел комбо со истиот мотор што го имаш во пунтото. По спора кола не сум возел во животот. Е сеа незнам дали е до малиот мотор или има некоја мака колава. Буквално не се осеќа во возење турбинчето, како да возиш обичен дизел. Дали е тоа нормално кај овие мотори или има некој проблем колата? Беше колата на редовен сервис минатата недела и ништо не посочија дека има некаков проблем. Инаку колата е купена од фирма пред месец дена така да незнам претходна историја. Муабетот ми е дали да одам да се карам у сервис или тоа е тоа, толку и е силата.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Наредно пробај 1.2 бензинец пунто ево. Трабант е побрзо од пунто ево со 1.2 мотор.