Автор Тема: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks  (Прочитано 6081 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2812
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #45 на: 26 Јануари 2026, 10:33:03 am »
Приметив дека има трага од масло испод ременицата на радилица, односно како врти ременицата прска од масло и има баш како линија, еве една слика:



Претпоставив дека е семеринг на радилица, сакав побрзо да го решам ова, не се организирав да ја носам колата Куманово (Велиновски) кај што редовно ја сервисирам, па ја однесов во сервис Илија во Ѓорче, каде што го сменија семерингот и со одмастивач го исчистија тој простор.

После неколку дена возење (не некоја голема километрража), го проверив просторот и видов минимални траги од масло. Дали е можно тоа да е од тоа што претходно имало масло пропуштено од стариот семеринг, па сега ова да е тоа што останало додека да се исчисти со вртење на ременицата?
Своерачен потпис ;)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18016
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #46 на: 26 Јануари 2026, 13:08:45 pm »
Земи си брејк клинер во спреј, и испери убаво кај што можеш да достигнеш.

Продолжи да возиш и следи ситуација. Можно е да било резидуал, можно е да не е наместен семерингот и да си пушта пак ама само така ќе дознаеш.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2812
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #47 на: 23 Април 2026, 09:01:24 am »
Летово кога бев Грција, само што ја поминав границата, ми се упали check engine, без никакви промени во сила и забрзување (што значи без да влезе во safe mode). После некој ден се изгаси таму. Оттогаш наваму чат пат се пали, стои така два три дена, па после го снемува.

Кај и да е ми се ближи сервисот за промена на масло, па планирав таму да ми проверат.

Во меѓувреме си нарачав и ми стигна OBD скенер (дијагностика) од Тему, таман да ја проверам и ми прочита грешка P0180 Fuel Temperature Sensor A circuit.

Барав ама не најдов, да не знае некој каде е лоциран овој сензор, да видам визуелно да не е олабавен или да не има некој прекин во жицата. Некој да не имал искуство со ова/

Да не го подречам, сега за сега нема ништо, намерно не ја избришав грешката за да ја прочитаат кога ќе менувам масло, ама не е лошо да се информирам прво.

Апдејт, да не остане недокажано

За сензорот за температура на нафта во овластен бараа некои 5000-5500 денари, решено со половен сензор од кај Мети Фиат за 500 денари. Излезе многу фер, ми даде два сензора за проба, без ништо да платам, па после монтажа да му го вратам другиот и да платам 500 денари. Баш денеска треба да му го вратам другиот.



Во меѓувреме сменета и манжетна на внатрешен зглоб, случајно приметив дека е скината:

Старата


Новата


Двете операции направени на 193900 км кај Спасе во Чаир, задоволството чинеше вкупно 2500 денари + 500 денари сензорот од кај Мети Фиат половни делови. За цена на работна рака денеска е малку незгодно за дискусија, ама Спасе важи за добар мајстор, па нека тркала колата, тоа е
Своерачен потпис ;)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3863
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #48 на: 23 Април 2026, 11:36:54 am »
Кај Спасе нема што да се преговара, со години си држи квалитет.