Автор Тема: 2017 VW Passat B8  (Прочитано 2542 пати)

Отсутен Fizzbuzz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
2017 VW Passat B8
« на: 13 Октомври 2024, 17:04:07 pm »
Долго време читач на форумот а немам ни десет постови, па си викам да го сменам тоа  :)

Мало интро и ретроспектива. Жена ми трудна, јас со Опел Астра Ј во супер состојба ама си викам ќе треба нешто поново и поголемо па се мислев помеѓу Суперб и Пасат. Имаше убава Шкода Суперб во Битола Ауто Јосифов ама ми кидна, а можеби и подобро.

Најдов оглас од еден дечко што купил Пасат Б8 од Делукс Ауто, типот малку со OCD (како и повеќето фанатици на коли  ;D ) и отидов да ја видам колата. Повеќе инвестирал во козметика отколку што трошел на гориво. Мала проверка на carvertical, не најдов ништо сомнително. Ја однесовме кај Митревски на брза проверка која сепак испадна 30 минути. Влатко ја одобри и ја пазарев колата. Во моментов 197.ххх км.

Станува збор за Пасат Б8 со 2.0 би-турбо мотор со 240 коњски сили и автоматски DSG менувач.

Баш некои детали за потрошувачката сеуште немам, но со поминати 700км дојде на половина резерва.

Oд опрема поседува:
- Трозонска клима
- 6 инчен екран ( МИБ2)
- Aдаптабилен темпомат
- Паркинг сензори со аудио предупредување
- Предни светла за магла со функција за аголно осветлување
- „Coming Home" и „Leaving Home"  функција на светла со мануелна активација со сите попатни тракатанци
- Прилагодување на предните електрични седишта по висина и во лумбален дел
- Централно заклучување, далечински управувач со селективно отворање ( пробав со OBDEleven да направам да се затвара ама нејќе) на багажникот
- Сива антрацит боја

Тоа што следува за сервис и промена е следново:
- голем сервис за 40.000км и мал сервис за 5000км

Она што фали во колата или што јас би сакал да има:
- keyless entry
- камера
- фарови со лупа т.е. втората генерација на фарови т.е. оние од 2019 генерацијата

Колата беше кај господинот Даме на полирање и двослојна керамика. Изведе некаква магија што не можам да ја доловам со камера ама секоја чест.
Она што можам да го кажам за колата е дека има многу удобно возење. За претекнување е језива и само два пати ја ставив во спорт мод  :) Гепекот е идеален за човек во мојата ситуација, со бебе  ;D
Собра два големи куфери, бебешка количка, три ранци и пакет бебе вода (не ми се ризикуваше во Грција, морав да носам)
Седиштата се 8/10 удобни и внатре нема голи пластики, нема тропкања ни крцкања.
Си земав BDEleven кое е уживанција за кола од ВАГ групацијата, активирав околу 40 дополнителни работи.
Го апдејтирав софтверот и мапите уште првата недела  ;D


Што не можев да издржам, е да ги сменам жмигавците во ретровизорите во smoked dynamic варијанта

па го средив и десното огледало и новото треба да стигне утре задутре


Истотака ги сменив и "навлаките" на педалите



Тоа што можеби ќе направам е што ќе ја променам пепељарата во безжичен Inbay полнач.
Сакам поголем екран ама ќе видиме, исто и новите фарови ама и тоа ќе видиме  :D

Моментално е на 17ки Continental на челични бандажи  :-[ а за на лето имаме 17ки мишелинка  ;D

Во прилог, неколку аматерски сликички



« Последно менување: 13 Октомври 2024, 17:21:54 pm Fizzbuzz »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #1 на: 13 Октомври 2024, 17:29:49 pm »
Моќна лепотица.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #2 на: 13 Октомври 2024, 19:27:06 pm »
Со здравје да се вози.
Супер изгледа

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #3 на: 13 Октомври 2024, 20:32:43 pm »
На Никола Пасатот, пазен пазен и повеќе од што треба.
Ре Драјв си имаат играно два три дена со колава, средена по пропис.

Да и се изнавозиш и изнауживаш.

Отсутен Fizzbuzz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #4 на: 13 Октомври 2024, 20:36:28 pm »
На Никола Пасатот, пазен пазен и повеќе од што треба.
Ре Драјв си имаат играно два три дена со колава, средена по пропис.

Да и се изнавозиш и изнауживаш.

Баш тој  ;D
Станавме пријатели, се здружиме заради колава  :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #5 на: 13 Октомври 2024, 20:41:00 pm »
Честитки, со здравје да се вози!

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2082
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #6 на: 13 Октомври 2024, 21:23:17 pm »
Одлично возило си избрал подобро пасат одколку шкода, со здравје да си го возиш редовно одржување бесмртен ист ваков пасат преку 400илјади км има другарче што сврте.Честитки (ако не е тајна под 20че ли е? цмими)

Отсутен Fizzbuzz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #7 на: 13 Октомври 2024, 21:47:58 pm »
Одлично возило си избрал подобро пасат одколку шкода, со здравје да си го возиш редовно одржување бесмртен ист ваков пасат преку 400илјади км има другарче што сврте.Честитки (ако не е тајна под 20че ли е? цмими)
Мал сервис е направен пред 4700км а јас нема да издржам уште 5000 км, ќе му направам мал сервис од што сакам  ;D
Цената е малку над 20вче  :)

Од сите истово го слушам, подобро VW отколку Шкода. Мило ми е што не ја земав таа од Ауто Јосифов  :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #8 на: 13 Октомври 2024, 22:15:45 pm »
Браво за изборот! Со здравје да се вози, и нормално дека е 100 светлосни години пред шкодата!

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #9 на: 13 Октомври 2024, 23:47:36 pm »
Браво за моторот, може да те извади од доста ситуации доколку има потреба.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #10 на: 14 Октомври 2024, 00:41:28 am »
Честитки новото количе, убав апгрејд си направил. И јас лично ќе го изберев пред шкодата. Мада, не е ни битно што мислам јас или некој друг, битно е ти да уживаш во неа.
« Последно менување: 14 Октомври 2024, 00:49:09 am Makedons »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #11 на: 14 Октомври 2024, 10:02:22 am »
Убаво количе убав мотор, убавини само да и видиш (и кога ке купиш летна количка ке се препородиш од склапање и простор у багажник, од тазе искуство)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #12 на: 14 Октомври 2024, 10:37:04 am »
Топ кола, супер избор. Уште ми е некогаш криво што го продадов мојот, посебно во просторот внатре и багажник.

Отсутен Fizzbuzz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #13 на: 14 Октомври 2024, 11:27:31 am »
Топ кола, супер избор. Уште ми е некогаш криво што го продадов мојот, посебно во просторот внатре и багажник.

Ултра удобна, стварно. Имам возено Ауди А6 отприлика месец дена (привремено така се случи лани) и тоа е исто голема т.е. мислам и поголема кола со поголем простор внатре ама пасатов е сепак чудовиште.

Убаво количе убав мотор, убавини само да и видиш (и кога ке купиш летна количка ке се препородиш од склапање и простор у багажник, од тазе искуство)

Баш денес ќе нарачуваме летна количка, едвај чекам да го баталам ова габаритов  ;D


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2017 VW Passat B8
« Одговори #14 на: 14 Октомври 2024, 11:49:16 am »
2.0 BiTDI 240? Па, па, па. Прекрасни сеќавања имам од Passat со овој мотор. Да му се изнауживаш!