Овој мотор ако не се лажам има дополнителен каиш потопен во уље за уљната пумпа. Смени го кога ќе правиш голем сервис.
Фала на инфо, обавезно ќе сменам
Побарав и понуда за голем сервис, се ближи и тоа за некои 20.000км па грубо да си имам слика што како колку ќе кошта.
И уште еден спам. Гледам имаш пишано поновите фарови. Пасатот пред фејслифт (како твојот и мојот) имаат 3 типа на фарови:
-Халогени (исти како твоите само немаат диода доле и наместо лед сијалица интегрирана имаат заменска Х7 халогена)
-Твоите или Бејсик ЛЕД (Идентични се рефлекторите на фарот како горенаведениот тип само што имаат интегрирани диоди и за кратко/долго и за дневни светла. Цел фар се менува ако изгори кратко/долго)
-High LED, кои исто има неколку типа од овие (дали имаат cornering light дополнително или не и уште некои ситни измени имаат) тие се матрикс и bi-xenon.
https://auto-dvig.com/wp-content/uploads/2022/01/08d238c3-da72-48d7-b.jpeg^ ваквите имаат кинески варианти кои и јас ги купив и 3 месеца траеја и не работат. Али се Заменски директно САМО за обичните халогени фарови. Ти на твоите не можеш ништо plug&play и ако сакаш ретрофит на овие погоре матрикс ќе треба да менуваш и шофершајбна и нови инсталации нови модули и А5 камера горе на шофершајбна.