Долго време читач на форумот а немам ни десет постови, па си викам да го сменам тоа
Мало интро и ретроспектива. Жена ми трудна, јас со Опел Астра Ј во супер состојба ама си викам ќе треба нешто поново и поголемо па се мислев помеѓу Суперб и Пасат. Имаше убава Шкода Суперб во Битола Ауто Јосифов ама ми кидна, а можеби и подобро.
Најдов оглас од еден дечко што купил Пасат Б8 од Делукс Ауто, типот малку со OCD (како и повеќето фанатици на коли
) и отидов да ја видам колата. Повеќе инвестирал во козметика отколку што трошел на гориво. Мала проверка на carvertical, не најдов ништо сомнително. Ја однесовме кај Митревски на брза проверка која сепак испадна 30 минути. Влатко ја одобри и ја пазарев колата. Во моментов 197.ххх км.
Станува збор за Пасат Б8 со 2.0 би-турбо мотор со 240 коњски сили и автоматски DSG менувач.
Баш некои детали за потрошувачката сеуште немам, но со поминати 700км дојде на половина резерва.
Oд опрема поседува:
- Трозонска клима
- 6 инчен екран ( МИБ2)
- Aдаптабилен темпомат
- Паркинг сензори со аудио предупредување
- Предни светла за магла со функција за аголно осветлување
- „Coming Home" и „Leaving Home" функција на светла со мануелна активација со сите попатни тракатанци
- Прилагодување на предните електрични седишта по висина и во лумбален дел
- Централно заклучување, далечински управувач со селективно отворање ( пробав со OBDEleven да направам да се затвара ама нејќе) на багажникот
- Сива антрацит боја
Тоа што следува за сервис и промена е следново:
- голем сервис за 40.000км и мал сервис за 5000км
Она што фали во колата или што јас би сакал да има:
- keyless entry
- камера
- фарови со лупа т.е. втората генерација на фарови т.е. оние од 2019 генерацијата
Колата беше кај господинот Даме на полирање и двослојна керамика. Изведе некаква магија што не можам да ја доловам со камера ама секоја чест.
Она што можам да го кажам за колата е дека има многу удобно возење. За претекнување е језива и само два пати ја ставив во спорт мод
Гепекот е идеален за човек во мојата ситуација, со бебе
Собра два големи куфери, бебешка количка, три ранци и пакет бебе вода (не ми се ризикуваше во Грција, морав да носам)
Седиштата се 8/10 удобни и внатре нема голи пластики, нема тропкања ни крцкања.
Си земав BDEleven кое е уживанција за кола од ВАГ групацијата, активирав околу 40 дополнителни работи.
Го апдејтирав софтверот и мапите уште првата недела
Што не можев да издржам, е да ги сменам жмигавците во ретровизорите во smoked dynamic варијанта
па го средив и десното огледало и новото треба да стигне утре задутре
Истотака ги сменив и "навлаките" на педалите
Тоа што можеби ќе направам е што ќе ја променам пепељарата во безжичен Inbay полнач.
Сакам поголем екран ама ќе видиме, исто и новите фарови ама и тоа ќе видиме
Моментално е на 17ки Continental на челични бандажи
а за на лето имаме 17ки мишелинка
Во прилог, неколку аматерски сликички