Колку време им требаше на Хуавеи да се етаблираат како сериозен играч, па сега мислам по бројки на продадени мобилни уреди се први. Шаоми мислам дека уште мака мачи. Со колите периодот на стекнување доверба, те градење имиџ и репутација верувам трае подолго, сепак не се работи за уред од 500 еур, туку за нешто многу поскапо. И јас сум од тие што се скептични, можеби да беа за поефтини полесно би се одличил да земам кинеско возило кога би ја мењал сегашнава кола. Ама не гледам дека би се предомислил наскоро, поготово што немам услови за електрична кола, треба да спроведувам инсталација едно 20 метри до моето паркинг место, што е екстра трошок и веројатно дозвола за сето тоа од општината. Бензинците на кинезите не се нешто посебно, те претежно гледам СУВ возила се кои трошат многу бензин.