Автор Тема: Препорака за котла на пелети  (Прочитано 375 пати)

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Препорака за котла на пелети
« на: 04 Септември 2024, 10:36:08 am »
Како што гласи насловот, би сакал ваше мислење околу изборот на котла на пелети.

Се работи за неизолирана куќа со пвц прозорци и со површина од околу 80 м². која моментално се грее на централно парно со нафта но од причина што греењето со нафта веќе не може финансиски да се одржи, сакам да поминам на котла на пелети.

Прашањето би било, која котла и до која јачина да биде истата, пример најдовме котли на пелети од екошпар алба (македонски производ) 18 киловати која кошта околу 1100 евра, но има и некои диекотек (италиански делови кои се склопат во Дебар) кои коштат 1300 евра, алфа плам србски 15 киловата кошта 1500 евра... и ткн,

И секако набитното, ако некој може да сподели на кратко свое искуство околу потрошувашката од прилика која би била да се загрее простор од 80m².

ПС: Потрошувачката на котлата на нафта кај мене дома за греење на погоренапишаната квадратура за сите овие 25 години се врти околу 1100 литри нафта на сезона или моментално околу 1100 евра и дали ќе се постигне помал трошок за греење ако поминам на котла на пелети. Фала


VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Препорака за котла на пелети
« Одговори #1 на: 04 Септември 2024, 13:50:13 pm »
разгледај го постов и имај предвид дека е за зимото 2016-2017

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,6322.msg1080781.html#msg1080781

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Препорака за котла на пелети
« Одговори #2 на: 05 Септември 2024, 08:03:55 am »
Ако знаеш колку енергија трошиш у дизел, лесно ќе пресметаш истата таа енергија да ја добиеш со пелети, колку би ти требале... На пример:

From the table it is clear that to replace 1 cubic metre of oil (1000 litres), one would need a storage space of 3.8 cubic metres for wood pellets or 16-17 cubic metres for wood chips, depending on the moisture content. For firewood one would need 10 cubic metres stacked volume.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Препорака за котла на пелети
« Одговори #3 на: 05 Септември 2024, 09:14:55 am »
Котел мислиш бидејќи котла не е збор во Македонскиот Јазик.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Препорака за котла на пелети
« Одговори #4 на: 05 Септември 2024, 14:05:12 pm »
разгледај го постов и имај предвид дека е за зимото 2016-2017

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,6322.msg1080781.html#msg1080781
Благодарам, сега видов дека постоело соодветна тема за греење и климатизација ;)
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Препорака за котла на пелети
« Одговори #5 на: 05 Септември 2024, 14:17:50 pm »
Котел мислиш бидејќи котла не е збор во Македонскиот Јазик.
ете бе брате тоа е мултинационална држава, да ме разбереш и тогаш кога имам правописни грешки ;)
VW MK-7 (1.6 тди)