Како што гласи насловот, би сакал ваше мислење околу изборот на котла на пелети.
Се работи за неизолирана куќа со пвц прозорци и со површина од околу 80 м². која моментално се грее на централно парно со нафта но од причина што греењето со нафта веќе не може финансиски да се одржи, сакам да поминам на котла на пелети.
Прашањето би било, која котла и до која јачина да биде истата, пример најдовме котли на пелети од екошпар алба (македонски производ) 18 киловати која кошта околу 1100 евра, но има и некои диекотек (италиански делови кои се склопат во Дебар) кои коштат 1300 евра, алфа плам србски 15 киловата кошта 1500 евра... и ткн,
И секако набитното, ако некој може да сподели на кратко свое искуство околу потрошувашката од прилика која би била да се загрее простор од 80m².
ПС: Потрошувачката на котлата на нафта кај мене дома за греење на погоренапишаната квадратура за сите овие 25 години се врти околу 1100 литри нафта на сезона или моментално околу 1100 евра и дали ќе се постигне помал трошок за греење ако поминам на котла на пелети. Фала