1. Еко кожа во BMW е една работа, кожа во Kia/Hyundai сосема друга. Кога имав i30 на тест за Авто+, приметив дека на ганц нова кола со поминати помалку од 1000 километри, кожата на седиштата веќе беше згужвана. Кога имав ix35 со кожа беше нешто подобро, ама и таа беше крута, тврда и лизгава. Велештрумф ќе ти го потврди истото. Кожа и кожа не е исто.
2. Како што реков, корејците мораат да понудат повеќе за помалку. Само така ќе продадат, за жал. Колите си вредат, не дека не, ама брендот се уште не е таму каде што би требало да биде. Луѓето се уште купуваат Киа и Хјундаи заради тоа што се евтини, не заради тоа што се Киа и Хјундаи.