Чекај сеа. Се здроби од лобирање против конкурентите што немале 6 воздушни. Океј тоа, се трпи.
Тоа што не се трпи е што оваа Киа со овој мотор има минимална тежина од 1250 килограми, и максимална од 1350 килограми. Ај, ќе земеме просек од 1300 килограми.
Мотор од 100 коњи кои ги има на 6000 вртежи кои ти 2 пати во годината ќе ги достигнеш, а реално ќе возиш со максимум 70 коњи, ќе успееш да живееш среќно со оваа тезгере од кола? 1300 килограми и толку мал мотор е само рецепт за прерано оќелавување и прерано оседување на косата. Голем полов орган ако имала LED светла. Што не ти текна да прочиташ со какви тркала доаѓа од тој PDF документот што ми го прати? Или не виде? Кола со LED светла и ЧЕЛИЧНИ ТРКАЛА е срамота да се вози.