Сега баш правев мала компарација на цениве и во право си Дарковски. А5 Купе 2.0 Д 177кс е 42к, 420д 43к, додека зачудувачки Ц купе 220д е 39,8к еу. Претерани се цениве и разликите што ги имаат со нивните базни модели, А5 и Серија 4 се за 7-8к еу поскапи од Серија 3 и А4, според мене стварно е претерано тоа. Додека само кај Мерцедес разликата помеѓу Ц220ЦДИ и Ц220ЦДИ Купе е 2.5к еу, што би рекол дека е оправдана разлика во цената. Незнам зошто се БМЊ и Ауди волку поскапи.
Исто така кај Ауди и БМЊ приметив и премногу мала разлика помеѓу класите. На пример кај Ауди разликата помеѓу А4 и А3 со 2.0 ТДИ 150кс мотор е одприлика 1.5к што е 5% од цената. Исто така А5 2.0 ТДИ 177кс е за само 2к еу поефтината од А6 2.0 ТДИ 177кс, и кај БМЊ е слична состојбата но немаат точни ценовници па несакам напамет да зборувам. Воопшто не им ја сфаќам оваа политика на цени.
Друга работа што ме иритира кај одредени македонски увозници е што воопшто не ги следат трендовите од соседните држави во врска со акциите, попустите и слично. На пример во Србија БМЊ има премногу акции на постојани модели, со секое ново купено БМЊ се добива БМЊ сервис пакет за 4 години бесплатно сервисирање на возилото, со исто така 4 години гаранција без зголемување на цената. Ауди исто така нуди 4 години гаранција без зголемување на цената. Кај нас и двата бренда нудат моментално 2 години гаранција и постои можност да доплатиш за 4 год гаранција(кај ауди 800-1000еу, кај БМЊ поскапо е, ова се инфа од салон) Како пример во Србија моментално на акција е Ауди А4 2.0 ТДИ С-Лине(внатре и надвор) 177кс со Навигација и 1 тон опрема за 31-32к еу(има повеќе понуди од кој што доле поставив линк и слики) што е навистина одлична понуда за такво возило со таа опрема и би рекол дека е бест бај во класата, кај нас истото е скоро 15к еу поскапо. Во хрватска за 33к еу се добива БМЊ 318д со ксенон, солидни бандаши и друга опрема која е доволна за скоро секој клиент кој би купил такво возило, а кај нив во старт цените се 15% поскапи од кај нас, што би значело дека 318д од +40к го даваат за 33к еу со 4 години бесплатно сервисирање што при 20ккм годишно иде како попуст од скоро 2000еу . Сите знаеме дека цените во салон за возила од лагер се други, но кога одиш да купуваш кола за сопствени пари не треба ти да се срамиш и да прашуваш колку е најниско и слично, продавачот треба да се труди да придобие муштерија. А и кога спомнав продажба од лагер, освен Порше Македонија сите други увозници држат ептен слаб лагер на коли.
Доста ги посетувам и нивните форуми и навистина тамошните импортери имаат безброј акции и попусти за да привлечат нови муштерии. За разлика од нив кај нас импортериве се толку незаинтересирани и ноншалатно се однесуваат како да неможат да стасаат со продажбата на возила. Исто така доста честа појава таму се и поканите за тест вожњи за нови испаднати модели, разноразни акции за сервисирање на постари возила. Работи кој на цел свет се нормални освен кај нас, со исклучок на неколку импортери(Форд, Миркат...) Неможат они да очекуваат некој да купи возило ако пред тоа истото возило ни го види во салон ни го проба(случајот со БМЊ 4ка)
Некој може да рече дека кај нас давачките се поголеми, но во србија сите коли се одприлика 10% поефтини од кај нас, така да и 10% да се поскапи А4киве, а и сите Ауди модели што ги имаат на акција сеуште ќе бидат одлична понуда кај нас.
Како пример:
На оваа страна може да видите колку добри акции има во Србија како пример:
http://video.audi.at/microsite/sondermodelle_rs/a4.php



