За да имаш квалитетен возен парк во држава каде што живееш, мораш прво да имаш од каде да заработиш. Не можеш да бараш модерен и нов возен парк со плати од 24–26 илјади денари (околу 420 евра).
Помирете се со тоа додека немаш плати како што доликува, не барај подобрување на возниот парк. Ќе биде таков каков што е. Што ти се сервира тоа ќе се вози. Кратко и јасно во превод колку плата такво возило- не се улави тие по швајцарија,германија.... по еу целосно сите земји ехцепт ние гордите тука со 400 евра... и кршеви толку пари имаме толку заработуваме тоа возиме.Скопје,Куманово,Тетово тоа шо ке видиме понови возила премиум па и нови тоа е се купено печалбари или од луѓе ете крпат вака онака,тој што е кромберт и у алколоид не ти купува нов цитроен 16 990евра со македонска плата.... за другите и да не збориме па до 5илјади евра ке се теши народ тоа е.
Со 420 евра и стандарден приход по глава на жител, очекувате народот и семејствата да возат нови автомобили? Друже, ова ни Кустурица не може да го изрежира во филм.
Состојбата е таа. Додека не дојде вистински економски бум и пристојни примања, не очекувајте нови возила, ниту квалитетен живот — исхрана, спорт, здравје, нормален човечки стандард.А камоли лизинг кредити и нови возила.
Од нас зависи: СВЕСТУВАЊЕ
или борба и напредок,
или тонење, мизерување и на крај масовно иселување.
Кинезите на Балканот ќе поминат со автоиндустрија како сиромав човек покрај пазар со раце во џеб и празна торба. Појасно од ова амин.
Кога веќе правите споредби за кинеските возила, нивната „снага“, коњи, перформанси и маркетинг земете во предвид што се случува после 4–5 години користење. Каков пласман имаат? Какви резултати даваат по потрошувачка, одржување, вредност на пазар? Тогаш сликата станува појасна. Хјундаи,Нисан,Сузуки се светлосни години напред пред било кој кинез или каков год да е од Азиска страна,настрана европски брендови тоа не се збори.Крај краева ти одиш шеташ по светски турнии работиш имаш благослов и можност во автоиндустрија едно е на екран друго е на улица и на крај -краен купувач одлучува шо ке направи со своите пари дали набуџен не проверен кинез или ...
Мој личен став како индивидуа НЕ за кинеско возило.