Форумов го следам многу оддамна, но повеќе читам отколку што пишувам. Се надевам ќе го сменам тоа со колава
На кратко приказната за тоа како дојде до колава.
Мерак за Е30ка купе имав многу оддамна. Неколку години барав оригинална Е30 купе (пошто најголем дел се искасапени кај нас) со цел да биде проект кој што има добра основа и на кој што ќе може да се работи. Од тоа што излегуваше на пазар или цените се ненормални или колите беа ужасни.
Најдалеку што појдов во потрагава е да отидам со уље и филтри до Кичево со цел да ја запалиме колата која што имаше скршен картер (па залепен) и на крај сепак да се откажам бидејќи беше во очајна состојба, па му напраив бесплатен сервис на чоекот
.
После ова се откажав и реков ќе барам било какво BMW од сериите Е30, Е36 и Е46. Главни критериуми беа да биде купе и да биде мотор со 6 цилиндри.
Така завршив со BMW E46 325ci M Sport.
После нешто повеќе од година дена откако ја купив Е46-ката, другар ми кажа дека чул муабет(пошто знаеше дека барам таква кола) за Е30ка со 6-так и многу добра состојба што не е огласена нигде по интернетов.
Кога отидовме да ја видиме колава прв пат, буквално беше како од Barn Find серијаливе.
Состојбата беше следнава. Колата не беше возена од 2015 година, тогаш и била последната регистрација. Одлична каросериска состојба без воопшто рѓа бидејќи беше чувана на темно и суво место, а пред 10-тина години целата била растурена, пребарбана во бела перла боја (оригиналната е Alpine White) и целосно заштитена со восок (затоа е се жолто под хауба, така е и одоздола). Ентериерот, браниците, пластиките исто така се во одлична состојба. Шалт таблата напред нема пукнатини, што е екстремно ретко. Нејзината километража застанала на негде 180к километри (си стои во гепек и таа) и била заменета со друга што на неа покажува 300к. Колку стварно има поминато, никој не знае
.
Моторот на неа е 6 цилиндри M20B20 со 125кс и 5 степен рачен менувач.
Вака изгледаше на денот кога ја земав.
Во 2015 бил монтиран плин исто така, но тоа одма се исфрли штом можеше да отиде до Плимонт колата
Иницијално, негативно беше тоа што главата на моторот е пукната и моторот меша вода и уље. Кога фативме да поправаме, дур да дојде до возна состојба еден куп ствари сменивме. Поправена е главата, направен е мал и голем сервис (М20 моторот е на каиш), свеќици, кабли, термостат, сменет е AMF, исчистени дизни, пумпа и регулатор за гориво, долна пумпа за кумплуг итн.
Добар дел од работата сакам да ја работам сам, пошто ќеиф ми е да чепкам и поправам, а и имам канал во гаражата кај моите.
Дополнително на колата е монтиран KN конусен филтер за воздух и Eibach Pro Kit спирали. Наредна желба на оваа тема е да се купат Bilstein B8 амортизери кои заедно со спиралите кои веќе ги имам го комплетираат Bilstein B12 Pro Kit сетапот.
Во Ратае, Тетовско, успеав да најдам MTech1 волан и MTech1 боди кит (MTech 1 боди китот е оној кој го има во пред фејслифт верзијата, додека MTech 2 го викаат тој во фејслифт верзијата). Ќе пишам дополнително кога ќе биде ова целосно монтирано. Во моментов се монтирани предниот и задниот браник, праговите сеуште не се монтирани, а задниот споилер сеуште го немам.
На оваа слика многу ми личи на Lancia Delta Integrale
Неделава е исто и регистрирана, па продолжуваме и понатака со поправки и возења