8 мм се новите, јес да една измерив ради реда, не очекувам дека потрошени гуми ми дале, а и визуелно не личат дека се потрошени

Во мојот случај за долготрајноста на старите гуми мислам дека е до неколку фактори (без посебен редослед):
- самиот бренд и модел на гума
- релативно умерената клима летно и зимно време (иако 2021ва возев до Хрватска, Македонија и Грчка летно време на 40+ степени надвор, цирка 5500 км)
- возењето 95% ни е на отворен пат, а кога возам кај мене во градчево нема гужви, тргни застани и слично
- неагресивното возење, те кочење, барем јас кога ја возам колата. Возам според услови на пат, што значи може и 100ка да е тоа, но може да е и 160 пример.
Се надевам и новиве гуми ќе ме служат добро како и старите и дека ќе истераат слична километражата пред да им дојде ред за менување.
Инаку околу колата, следно е треба инспекција да направам за 3 месеци, најверојатно ќе го правам во официјален сервис како и до сега, јес да сега ќе треба да си платам, ми истече договорот од 4 години за сервиси и инспекции
Ми останаа во мисла тие лед сијалиците Philips Ultinon Pro 6000, ама никако да дојде ред нешто за колата да се купи.