Автор Тема: BMW E30 320i Coupe 1984  (Прочитано 2072 пати)

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
BMW E30 320i Coupe 1984
« на: 24 Август 2024, 15:15:04 pm »
Форумов го следам многу оддамна, но повеќе читам отколку што пишувам. Се надевам ќе го сменам тоа со колава :D

На кратко приказната за тоа како дојде до колава.
Мерак за Е30ка купе имав многу оддамна. Неколку години барав оригинална Е30 купе (пошто најголем дел се искасапени кај нас) со цел да биде проект кој што има добра основа и на кој што ќе може да се работи. Од тоа што излегуваше на пазар или цените се ненормални или колите беа ужасни.
Најдалеку што појдов во потрагава е да отидам со уље и филтри до Кичево со цел да ја запалиме колата која што имаше скршен картер (па залепен) и на крај сепак да се откажам бидејќи беше во очајна состојба, па му напраив бесплатен сервис на чоекот  ;D.

После ова се откажав и реков ќе барам било какво BMW од сериите Е30, Е36 и Е46. Главни критериуми беа да биде купе и да биде мотор со 6 цилиндри.
Така завршив со BMW E46 325ci M Sport.







После нешто повеќе од година дена откако ја купив Е46-ката, другар ми кажа дека чул муабет(пошто знаеше дека барам таква кола) за Е30ка со 6-так и многу добра состојба што не е огласена нигде по интернетов.
Кога отидовме да ја видиме колава прв пат, буквално беше како од Barn Find серијаливе.

Состојбата беше следнава. Колата не беше возена од 2015 година, тогаш и била последната регистрација. Одлична каросериска состојба без воопшто рѓа бидејќи беше чувана на темно и суво место, а пред 10-тина години целата била растурена, пребарбана во бела перла боја (оригиналната е Alpine White) и целосно заштитена со восок (затоа е се жолто под хауба, така е и одоздола). Ентериерот, браниците, пластиките исто така се во одлична состојба. Шалт таблата напред нема пукнатини, што е екстремно ретко. Нејзината километража застанала на негде 180к километри (си стои во гепек и таа) и била заменета со друга што на неа покажува 300к. Колку стварно има поминато, никој не знае  ;D.
Моторот на неа е 6 цилиндри M20B20 со 125кс и 5 степен рачен менувач.

Вака изгледаше на денот кога ја земав.







Во 2015 бил монтиран плин исто така, но тоа одма се исфрли штом можеше да отиде до Плимонт колата :D




Иницијално, негативно беше тоа што главата на моторот е пукната и моторот меша вода и уље. Кога фативме да поправаме, дур да дојде до возна состојба еден куп ствари сменивме. Поправена е главата, направен е мал и голем сервис (М20 моторот е на каиш), свеќици, кабли, термостат, сменет е AMF, исчистени дизни, пумпа и регулатор за гориво, долна пумпа за кумплуг итн.
Добар дел од работата сакам да ја работам сам, пошто ќеиф ми е да чепкам и поправам, а и имам канал во гаражата кај моите.

Дополнително на колата е монтиран KN конусен филтер за воздух и Eibach Pro Kit спирали. Наредна желба на оваа тема е да се купат Bilstein B8 амортизери кои заедно со спиралите кои веќе ги имам го комплетираат Bilstein B12 Pro Kit сетапот.

Во Ратае, Тетовско, успеав да најдам MTech1 волан и MTech1 боди кит (MTech 1 боди китот е оној кој го има во пред фејслифт верзијата, додека MTech 2 го викаат тој во фејслифт верзијата). Ќе пишам дополнително кога ќе биде ова целосно монтирано. Во моментов се монтирани предниот и задниот браник, праговите сеуште не се монтирани, а задниот споилер сеуште го немам.







На оваа слика многу ми личи на Lancia Delta Integrale




Неделава е исто и регистрирана, па продолжуваме и понатака со поправки и возења  :)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1405
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #1 на: 24 Август 2024, 15:34:34 pm »
Вистинско бемве.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #2 на: 24 Август 2024, 15:34:42 pm »
Лелелеее, двете се одлични, ова второво осеќам ќе биде уште подобро. Честитки!

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #3 на: 24 Август 2024, 15:51:51 pm »
Лелелеее, двете се одлични, ова второво осеќам ќе биде уште подобро. Честитки!
Фала :D
За жал Е46ката морав да ја продадам, со цел да можам да финансирам кај Е30ката и бидејќи не можев две викенд/проект коли да имам.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #4 на: 24 Август 2024, 16:43:16 pm »
Аууу, браво, со здравје да се вози!

Во духот на темата едно видео 😄



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #5 на: 24 Август 2024, 17:04:49 pm »
Одлично, браво!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #6 на: 24 Август 2024, 17:15:22 pm »
Браво, со среќа и со лесно.. E46ката ја знам лично, одлична е.. Ти на Мартин му ја продаде?

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #7 на: 24 Август 2024, 17:55:12 pm »
Браво, со среќа и со лесно.. E46ката ја знам лично, одлична е.. Ти на Мартин му ја продаде?

Фала! Инаку да, јас му ја продадов Е46ката. Колата е малку дотерана. Има брегасти и усисна грана од 3.0 моделот, KN конусен филтер, инокс грани, ремап со red line на 7к вртежи и буџет коиловери. Многу е интересна за возење :D

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #8 на: 24 Август 2024, 23:57:39 pm »
Аааааааааааа си му ја продал, јас си реков Мартин ти ја продал па да му удрев еден ќотек.

И двете се топ возилца за мерак.

↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 193
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #9 на: 25 Август 2024, 21:54:32 pm »
честито, по мене не си требал да ја дадеш Е 46
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #10 на: 26 Август 2024, 10:45:59 am »
Уууу браво, закон проектче! Ќе се следи со задоволство.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #11 на: 26 Август 2024, 15:03:47 pm »
То мајсторе. Браво за другар ти што ти сподели информација :)

Претежно (не знам зошто) кај нас и да не можат да купат нешто, ги кријат информациите луѓево или ако дознаат ќе ти ја шиткаат за дупла цена од газдата шо бара, демек easy money. Не знам шо народ бевме.

Енииивејс. Предобро количе. Да му е добра среќата. Браос!

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #12 на: 27 Август 2024, 14:46:59 pm »
Аааааааааааа си му ја продал, јас си реков Мартин ти ја продал па да му удрев еден ќотек.

И двете се топ возилца за мерак.

Фала. Инаку Е46ката ја продадов пред околу 1 година, а Е30кава ја имам околу година и пол.

Уууу браво, закон проектче! Ќе се следи со задоволство.

Фала! Ќе гледам да има редовни апдејти.

То мајсторе. Браво за другар ти што ти сподели информација :)

Претежно (не знам зошто) кај нас и да не можат да купат нешто, ги кријат информациите луѓево или ако дознаат ќе ти ја шиткаат за дупла цена од газдата шо бара, демек easy money. Не знам шо народ бевме.

Енииивејс. Предобро количе. Да му е добра среќата. Браос!

Фала! И јас за него најдов една w201 190ка Cosworth (за жал без моторот), ама на крај ја продаде и се откажа од реставрацијата.







Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #13 на: 31 Август 2024, 18:39:27 pm »
Вчера малку емоционален ролер костер со колава.

Мало невнимание и го загребав поштено десното задно крило.
Дали имате некој мајстор да препорачате за да го санира ова?


А вечерта, late night shopping во Дабиле, најдов MTech седишта ;D

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: BMW E30 320i Coupe 1984
« Одговори #14 на: 15 Октомври 2024, 19:58:51 pm »
Направен е шопинг на Bilstein B8. Треба да стигнат кон крајот на месецот  :D