Мал апдејт - петокот беа монтирани држачот и чаурите за диференцијалот од Powerflex. Одма осетно подобро работи колата, претходно при тргање во прва брзина на ниски брзини диференцијалот знаеше да тропка - скрос нормално како што пробува да заклучи диференцијалот, особено при полно вртење, сега тоа го нема. Во брзина, при давање гас, осетно побрзо пренесува снага на тркала и забрзува. При отпуштање на гас не ниша колата како што знаеше претходно. Што е најјако, фабричките чаури беа во релативно добра состојба, само ете, прилично меки. Мииииинимално зуење се приметува ако специфично слушаш за тоа при повисоки вртежи, ама чим помина the wife test на 100ина километри, значи ништо не е.
Денес ја вратив во ТимАуто да го монтираат short shifter кит-от, како и оваа пратка што стигна сабајлево:

Monoball чаури за предните рамења. Праткава ја нарачав од Шведска до Германија преку Краго, платив вкупно 30 евра со сѐ каргото Тетово - Скопје. Стигна за некои 7-8 дена во Мк. Препорачувам ако ви требаат делови од Германија.