99% падна одлука за тјунер за Бембарата, и најверојатно ќе одам со Mosselman. Сервисите/тјунерите што ги имав исконтактирано се следните:
Bend Calibration, Канада - многу популарни меѓу F8X сопственици, но многу се спори во комуникација иако ги фалеа дека работеле и комуницирале многу брзо (ги чекам по 2 недели од мејл до мејл)
Paul Johnson Tunes, Америка - Исто прилично популарни, но исто се спори на комуникација, им пишав мејл за повеќе информации претходна недела, немам ништо повратно добиено
Друга работа со тјунериве базирани во Америка е што главно работат на амерички коли, што се без OPF и од фабрика идат со малку помал буст, а и тјунираат за америчко гориво (+ многу се фокусираат на етанол), и дополнително фокусот им е да извадат што е можно поголеми бројки, што мене не ми е приоритет.
Од европски тјунери ги исконтактирав:
G-Power - познати по компресор китовите за Е9X M3 и E60 M5, брзо ми одговорија и многу беа фини но не се нафатија да ми изготват мапа remote, и ми рекоа дека мора да појдам во Германија (иако на сајтот кога нарачуваш го имаат ко опција али ајде). Плус имаат и нивен хардвер како интеркулер и слично, ама тоа е што е.
Infinitas - основана од поранешните G-Power инженери, па и затоа бев возбуден за нив, ама за жал нула од комуникација. Исконтактирани по мејл, па после на официјалниот Whatsapp, ништо.
Mosselman - 40 години искуство со БМВ и Мини, изработуваат нивни афтермаркет турбини што се прилично популарни и фалени, така да искуството и знаењето е тука. Плус работат преку MHD платформа за која што веќе имам лиценца и можам да ја флеширам мапата во 30 секунди преку ОБД и телефон. Плус се нафаќаат за remote tuning.
На сите европски гаражи бројките им се тука некаде, околу 500hp и 660-680Nm. Спрема бројкиве се гледа дека се фокусираат повеќе на добар линеарен power delivery наместо на апсолутно највисоките бројки за фалење на интернет

Моментално уште комуницирам со Mosselman, не е нарачана мапата, ме прашуваат кои модификации ми се веќе направени, дали планирам да правам нешто друго итн, но процесот е следен:
1. Плаќам, ми прават иницијална верзија на мапата
2. Ја флеширам кај мене, и после тоа правам лог на одредени параметри преку MHD во трета брзина полн гас од 2000 обртаи до крај
3. Им ги праќам логовите, ги гледаат и прават корекции на мапата ако треба
Повтори 2 и 3 додека и тие и јас сме задоволни.
