Краток приказ за она што следува набрзо:
https://youtube.com/shorts/wLi9ejwVBmM?si=PGzHwOQGEoDverDu
На муабетот, во комуникација со Mosselman им спомнав дека сакам да надградувам издув, па нивна препорака беше прво да го сменам издувот па после тоа да направат мапа што ќе го земе во предвид и зголемениот проток на воздух. Па така, стапив во контакт со Active Autowerke за нивниот equal length среден лонец, тие ме препратија кај нивниот ЕУ дистрибутер PureTurbos кои ми дадоа одлична цена и плус ќе ја декларираат пратката на ниска сума за помали увозни давачки, и така, платив, ја испратија, чекаме да стигне

треба да звучи слично на видеово само потивко бидејќи моментално ќе останам на фабричкиот заден лонец. При монтирање на издувот пред ремап ќе сменам и свеќици, моменталните се сменети пред 22000км што не е ни премногу ама се препорачуваат NGK 97506 за било која мапа над фабричка, плус да биде свежа кога ќе логирам.
Инаку, поминавме 6000км со колата, во рок од 9 месеци, што со оглед на тоа што не се вози секојдневно низ град а и голем дел од тоа не бев во Македонија, не е малку за мои стандарди. Најголем дел од нив се мераклиски извозени. Летово очекувам таа бројка да се накачи како што ќе биде времето добро.