Ај еден апдејт да пишам за колава пошто приближувам до крај со механички надградби. Издувот уште не е наместен, едноставно немам време + испаднаа уште некои делови да нарачам и сега ќе чекам сѐ на купче да дојде.
Прва работа, нарачани се нови monoball чаури за горните рамења, од Millway Motorsport - Street верзијата што е целосно затворена и не влегува прашина. Поради некоја причина фабричките се гумени (иако на долните рамења се monoball од фабрика), и се чувствува при вртење и нагло кочење како воланот малце „лебди“. Чувството (или поточно, немањето) во воланот ми е една од најголемите замерки кај колава и општо F серијата, и се надевам дека ова во комбинација со GTS кодирањето на волан што допрва ќе го правам ќе помогне.

Второ, пред некој ден на високиве температури логирав во живо температури на воздух на усис, и при продолжено оптеретување температурите знаат да скокнат прилично високо, особено на GTS мапата што ја возам моментално (~490hp 600Nm). После ремап и со високиве температури во лето очекувам уште поголеми оптеретувања, па така си ја частев колата Wagner top mount charge cooler, по препорака на Mosselman:

Друга причина зошто сакав да го сменам фабричкиот е што краевите се пластични, и знаат да пукнат и да почне да капе антифриз во усисната клапна и да се залепи на вентилите, па ова е делумно и превентивно.
И двете работи нарачани од MLPerformance, дечките имаат ненормално добри цени + и двете ги фатив на попуст. Треба да ги испратат следна недела.
Од механички надградби останаа уште:
1. AutoSolutions short shift kit - во изработка моментално
2. Wagner радијатор за системот за ладење воздух
3. Ohlins x 3DM Motorsport RoadSport коиловери - овие ќе си почекаат малце пошто се соленки
