Автор Тема: 2020 BMW F87 M2 Competition  (Прочитано 20567 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #255 на: 09 Ноември 2024, 10:45:20 am »
Кај мене се Pilot Super Sport сега, односно еквивалентни на PS3S.

Од мое искуство, Sport Contact 7 е подобрата UHP гума.
SuperSport и јас ги памтам како гуми на кои им треба малце топлина да соберат на вакви ладни временски услови. SC6 ме разочараа со трошењето ептен, слично како со SC5 Не верувам дека Conti нешто смениле, иако со SC6 обеќаваа подолг животен век :(

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #256 на: 09 Ноември 2024, 10:48:44 am »
Кај мене се Pilot Super Sport сега, односно еквивалентни на PS3S.

Од мое искуство, Sport Contact 7 е подобрата UHP гума.
SuperSport и јас ги памтам како гуми на кои им треба малце топлина да соберат на вакви ладни временски услови. SC6 ме разочараа со трошењето ептен, слично како со SC5 Не верувам дека Conti нешто смениле, иако со SC6 обеќаваа подолг животен век :(

Заради истата причина и јас завршив со Конти после SC5.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #257 на: 09 Ноември 2024, 11:43:04 am »
Кај мене се Pilot Super Sport сега, односно еквивалентни на PS3S.

Од мое искуство, Sport Contact 7 е подобрата UHP гума.
SuperSport и јас ги памтам како гуми на кои им треба малце топлина да соберат на вакви ладни временски услови. SC6 ме разочараа со трошењето ептен, слично како со SC5 Не верувам дека Conti нешто смениле, иако со SC6 обеќаваа подолг животен век :(

Од тоа што читам, SC7 се значајно подобри од претходните во трошење (од вистински примери, не тоа Конти што викаат). Оригиналните Супер Спорт од фабрика на колава издржале 2 години позади, 3 напред (моменталните се 2022 позади, 2023 напред). Да издржат толку и Контито таман е.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #258 на: 09 Ноември 2024, 15:13:00 pm »
Се придружувам и јас кон честитката за Continental sport contact 6.За мене се завршена приказна тој бренд на гуми.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #259 на: 16 Ноември 2024, 11:01:03 am »
Вчера однесена на центрирање после монтирање на зимските гуми претходниот викенд. Нагиб подесен малку понеагресивен од фабричките препорачани, по препорака на повеќе форумџии по Bimmerpost за "spirited street driving". :)

Инаку, на муабетот зошто одам на центрирање после секое менување на гуми - колава беше центрирана до милиметар 2 недели пред да се монтираат зимските гуми, после монтирање на зимски гуми кои се само 10мм пошироки од претходните летни целата геометрија беше изместена:

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #260 на: 18 Ноември 2024, 23:43:27 pm »
Вчера однесена на центрирање после монтирање на зимските гуми претходниот викенд. Нагиб подесен малку понеагресивен од фабричките препорачани, по препорака на повеќе форумџии по Bimmerpost за "spirited street driving". :)

Инаку, на муабетот зошто одам на центрирање после секое менување на гуми - колава беше центрирана до милиметар 2 недели пред да се монтираат зимските гуми, после монтирање на зимски гуми кои се само 10мм пошироки од претходните летни целата геометрија беше изместена:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

не може camber и toe само на десната страна да се изместат со ставање на 4x 10мм пошироки гуми. притоа од лево речиси да нема отстапки. некој тебе те дрибла тука.
« Последно менување: 18 Ноември 2024, 23:59:31 pm Indigo »

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #261 на: 19 Ноември 2024, 12:33:17 pm »
Вчера однесена на центрирање после монтирање на зимските гуми претходниот викенд. Нагиб подесен малку понеагресивен од фабричките препорачани, по препорака на повеќе форумџии по Bimmerpost за "spirited street driving". :)

Инаку, на муабетот зошто одам на центрирање после секое менување на гуми - колава беше центрирана до милиметар 2 недели пред да се монтираат зимските гуми, после монтирање на зимски гуми кои се само 10мм пошироки од претходните летни целата геометрија беше изместена:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

не може camber и toe само на десната страна да се изместат со ставање на 4x 10мм пошироки гуми. притоа од лево речиси да нема отстапки. некој тебе те дрибла тука.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Секако дека може. Колата возеше поагресивен нагиб на летните гуми, и 2та се прилично изместени. Пошироки гуми + поголем дијаметар ги узурпира компонентите на суспензијата, им треба време да легнат во нормална позиција. Со тоа што колата не беше одма центрирана во истата гаража туку возена некои 10-15км измеѓу, по нерамни патишта, со различни леви и десни кривини, во комбинација со самите толеранции во движењето на целото повозје, скрос е реално да се измести различно на двете страни, особено на вака тврдо подвозје што е осетливо на дупки и нерамнини.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #262 на: 19 Ноември 2024, 15:03:23 pm »

а кој ти гарантира за точноста на машините за центрирање или вниманието до детал на мајсторите во сервисите каде што одиш ?
веројатноста да се појави ваква отстапка само на едната страна по само 10-15км измеѓу по „нерамни патишта“ и различни „леви и десни кривини“ (има и друг тип?) е 0.0001%.
треба по off-road да ја возиш колата за да се појави такво отстапување за само 10-15км.
да не ја должам, моето мислење е следно: Немој да ја центрираш колата на секоја промена на гуми!
1. Правиш замор на материјалите при секое одвртување и завртување на секој штраф и мутер - затоа што и сам знаеш дека 99.99% не ги стегаат по пропис и момент клуч. На овој начин ја зголемуваш веројатноста колата да бара уште почесто центрирање од тоа што го правиш или не дај боже катастрофален failure во вожња.
2. Излези од еден сервис, и по најмазниот најправиот пат отиди до друг, ќе видиш дека ќе има мали отстапки бидејќи не се сите идеално калибрирани, а ти како клиент нема начин да провериш каде се најпрецизни.
3. Новчаникот ќе ти биде благодарен.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #263 на: 19 Ноември 2024, 18:05:03 pm »
Ова под бр.1 е најважно.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #264 на: 19 Ноември 2024, 19:49:57 pm »
Има логика и ова под бр.2, оди по некој километар провери пак во истиот сервис дали ке биди изместена пак, ако не е невервам да ти земи пари. Јас ко ги менвав горните рамена на алфата ја однесов на центрирање и тој гледа и ми вели шо проблем има колата? Нема му велам ништо менвав рамена па да ја центрирам сакав и вели оди нема ништо во границите се вредностите

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #265 на: 19 Ноември 2024, 21:26:08 pm »
Вчера однесена на центрирање после монтирање на зимските гуми претходниот викенд. Нагиб подесен малку понеагресивен од фабричките препорачани, по препорака на повеќе форумџии по Bimmerpost за "spirited street driving". :)

Инаку, на муабетот зошто одам на центрирање после секое менување на гуми - колава беше центрирана до милиметар 2 недели пред да се монтираат зимските гуми, после монтирање на зимски гуми кои се само 10мм пошироки од претходните летни целата геометрија беше изместена:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

не може camber и toe само на десната страна да се изместат со ставање на 4x 10мм пошироки гуми. притоа од лево речиси да нема отстапки. некој тебе те дрибла тука.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Секако дека може. Колата возеше поагресивен нагиб на летните гуми, и 2та се прилично изместени. Пошироки гуми + поголем дијаметар ги узурпира компонентите на суспензијата, им треба време да легнат во нормална позиција. Со тоа што колата не беше одма центрирана во истата гаража туку возена некои 10-15км измеѓу, по нерамни патишта, со различни леви и десни кривини, во комбинација со самите толеранции во движењето на целото повозје, скрос е реално да се измести различно на двете страни, особено на вака тврдо подвозје што е осетливо на дупки и нерамнини.

а кој ти гарантира за точноста на машините за центрирање или вниманието до детал на мајсторите во сервисите каде што одиш ?
веројатноста да се појави ваква отстапка само на едната страна по само 10-15км измеѓу по „нерамни патишта“ и различни „леви и десни кривини“ (има и друг тип?) е 0.0001%.
треба по off-road да ја возиш колата за да се појави такво отстапување за само 10-15км.
да не ја должам, моето мислење е следно: Немој да ја центрираш колата на секоја промена на гуми!
1. Правиш замор на материјалите при секое одвртување и завртување на секој штраф и мутер - затоа што и сам знаеш дека 99.99% не ги стегаат по пропис и момент клуч. На овој начин ја зголемуваш веројатноста колата да бара уште почесто центрирање од тоа што го правиш или не дај боже катастрофален failure во вожња.
2. Излези од еден сервис, и по најмазниот најправиот пат отиди до друг, ќе видиш дека ќе има мали отстапки бидејќи не се сите идеално калибрирани, а ти како клиент нема начин да провериш каде се најпрецизни.
3. Новчаникот ќе ти биде благодарен.

Јас мислам дека ние не се разбираме добро. :) Одење на центрирање после секоја промена на гуми не е исто со корегирање после секоја промена на гуми. Ако отидам таму, ја намести колата, и отчитувањата испаднат дека се како што треба, односно дека нема потреба од корекција, ја вади опремата, пиеме кафе, правиме муабет, не ми наплаќа ништо и си одам. :) А за тоа како работат, ќе си најдеш добар мајстор и ќе му седиш во гаража додека работи и ќе гледаш дали користи прописни алати.

За под 2, логично е дека минимални отстапувања од една до друга машина се океј. Али отстапување од 0.4-0.7 степени од претходно, е потребна корекција. :)

За под 3, центрирање е колку, 2000-2500 денари во Скопје за напред + назад. 2 пати годишно да треба да ги дадам, дури и да ми наплаќаат само за контрола, ако тоа ми е проблем тогаш не можам да си дозволам да ја поседувам колава.

Има логика и ова под бр.2, оди по некој километар провери пак во истиот сервис дали ке биди изместена пак, ако не е невервам да ти земи пари. Јас ко ги менвав горните рамена на алфата ја однесов на центрирање и тој гледа и ми вели шо проблем има колата? Нема му велам ништо менвав рамена па да ја центрирам сакав и вели оди нема ништо во границите се вредностите

Мене после секое центрирање ми вика „Вози ја 2 недели, извади ја убаво на отворено, и дојди пак да ја провериме“. Одам, ја проверува, сѐ е ко што треба, не ми наплаќа ништо.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #266 на: 19 Ноември 2024, 22:42:09 pm »
А за тоа како работат, ќе си најдеш добар мајстор и ќе му седиш во гаража додека работи и ќе гледаш дали користи прописни алати.

Другар седи мирен, мајстор може да ти убаци 1.9тди со две црвени во бембарето и да те убеди дека така ти работи бмвто, така од фабрика искочило.. ::)

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #267 на: 29 Ноември 2024, 14:28:40 pm »

Испробани прописно зимските WinterContact 8 S, одличен грип на суво и влажно. Само се малку бучни.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #268 на: 29 Ноември 2024, 15:59:06 pm »
Taka i treba, stom drzat grip mora i da se bucni :)
A vikendov mozes i na sneg da gi probas, momentalno vrne sneg nakaj Kicevo.

A ako si vo Sk taman da se vidime mi "duzis" edno kodiranje :)

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1010
Одг: 2020 BMW F87 M2 Competition
« Одговори #269 на: 02 Декември 2024, 17:28:42 pm »
Здравје да ѝ го средам единствениот проблем со запчаникот, да ставам мапи за диф/мотор/волан од M2 CS, и напролет ќе се носи на Серес.

На темава, користење попусти за Black Friday и Cyber Monday максимално. Нарачан нов crank hub од Vargas Turbo, што го решава фабричкиот проблем на овој мотор кај што запчаникот за ланецот знае да лизне при нагло враќање брзина во високи обртаи, особено на ремапирани коли ама има и доволно чести примери кај фабрички коли за да не го игнорирам, на 50% попуст за Cyber Monday. Дополнително, пошто секако ќе се симнува картер, нарачав и нови лагери за радилица од Mahle Motorsport со некои 30% попуст, изработени со Ф1 технологија, да ги освежиме и нив. Уз менување на овие ќе си добие и нов ланец и дихтунзи, и таман да биде како вчера од фабрика излезена, и да не се чепка ништо освен уље и филтри следни 150к км.

Останува да средам за нарачка на Red Line Euro Series 5W-40 уље, го најдов во некоја продавница во Србија али малце ме мотаат за нарачка, па ваљда ќе се земе од Грција.

Можно е во меѓувреме да нарачам и Eventuri усиси, зависи дали ќе се погоди некој добар дил, пошто секако фабричките мора да се вадат за работата горе.

Тоа е тоа, мирува сеа 2 недели во гаража додека сум на пат. :)