Продолжува збирањето на делови и течности за да се направи зафатот за запчаникот и лагерите.
Вчера нарачано ARP шрафови за лагерите исто од MAR Motorsport, по препорака и на Џеповски и на Bimmerpost. Треба да се далеку поиздржливи од БМВашките плус можат да се реискористуваат. Од муабетот со Тони: „Кој се разбира ќе ти каже ARP, другите ќе ти речат од БМВ да земеш".
Денес, нарачав 8 шишенца
Red Line Euro Series 5W-40 масло, едно шишенце е 1 quartz во freedom units или 0.946 литри. За кај мене треба точно 7 шишенца, едно за резерва. Го нарачав од bluoil.gr со испорака до Солун, па следна недела сум секако таму и ќе го подигнам. Ценовно по литар е слична цена со Motul 300V по цената што ја добив од Аутоцентар, не таа од Мега, ама е најквалитетното масло што задоволува LL-04.
Вчера после точно 16 дена дремење на царина во Мк пристигна и самиот запчаник. Зборнав со Тони, би требало ОЕМ сетот за ланец да го имаат на залиха, истиот сет е и за N51/N52/N55 мотори. Така да дур се соберат деловите, ќе се средува после Божиќ секако.