Ваљда зависи како дефинираш помека страна. Читам доста за M340i G20, веројатно ке ми биде наредна кола за од прилика 12-16 месеци, ама една од заедничките поплаки е дека е доста круто возило, дури и со адаптивна суспензија. Немам прилика да тестирам и да споредам со моменталнава кола, но BMW-то дефинитвно од прочитаното делува дека ке е потврдо возило. Има и такви искуства дека сопственици не може да забележат разлика меѓу М340i со и без адаптивна суспензија. Е сега, ако го ставиш наспроти чист М, веројатно ке биде помеко. Ама не би се сложил дека дека не е за спортско возење, напротив, една од работите за кои го фалат овој модел е дека успеале во некоја рака да избалансираат каков таков комфорт, без да изгубат во handling.
Абе, покрута/помека е релативно. Ќе биде покрута од обична 3ка да, ама далеку помека од М модели а и сигурно помека од чист хот хеч што е пак малку пофокусиран на перформанси, не на луксуз/комфорт. Не е дека нема да има добар handling, ама:
1. Подвозјето настрана од амортизерите го дели со обичната 3ка, не со М3, значи гумени чаури на рамења и балансштангла наместо monoball/цврсти држачи за балансштангли, како и послаби рамења, помеки балансштангли и најверојатно помал фабрички нагиб
2. Електронското серво ќе биде тјунирано за поголема стабилност на право возење, што значи ќе реагира поспоро, и гарантирам дека чувството на волан е како во видео игра, исто беше и на 335ката, а тука и xDrive-от игра улога (исто и на М3ката, спрема тоа што читам од сопственици RWD моделите се подобри од аспект на фидбек и респонзивност на волан)
3. Тежината плус димензиите си го прават своето зошто подвозјето не е дизајнирано да ги скрие како кај М моделите
Пак ќе кажам сигурно ќе има добар handling, ама ќе биде компромис 100% и ако ја газиш убаво по кривини ќе го сетиш тој компромис. М моделите се скрос други зверови. Со тоа што, M340ката ќе ти биде подобар дејли драјвер. Ако ти треба просторот и имаш опција само за 1 кола и ти значи комфор, таа е подобриот избор.