Денес оставена колата во Ауто Ин Џеповски на едно големо сервисче. Јас пошто не сум господин човек, не пијам кафе дур си ја чекам колата па да дојде тетка со нокти фактура да ми даде, туку од интерес и кеиф седам таму (со дозвола на Тони секако) и гледам што и како се работи.
Работи што треба да се завршат
1. Масло и филтер за масло - Red Line 5W40
2. Запчаник за ланец за моторен погон со посебен затегач за шрафот - афтермаркет Vargas Turbo Spline Lock дизајн
3. Ланец, лизгач за ланец и затегач за моторен погон - BMW OEM
4. Ланец и запчаници за маслена пумпа - BMW OEM
5. Лагери и шрафови на радилица - Mahle Motorsport лагери, ARP шрафови
6. Црева турбо до кулер - Wagner Tuning
7. Усис црева и филтри - Eventuri
8. Дихтунг на картер и поклопец - BMW OEM
9. Масло во менувач - BMW OEM
10. Масло во диференцијал - BMW OEM
11. Контрола на остаток од мотор и подвозје
Денес се почна со работа, главно расклопување на, well, сѐ

моторот е таков да секако мора да се извади скоро цел систем за проток на воздух за да се стигне до поклопецот одозгора:
