Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 154992 пати)

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 80
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1290 на: 19 Август 2026, 13:52:11 pm »
Имам вграден држач на стакло... иначе @Abertzale друга опција ти е едниот држач што оди со тагот да го залепиш, а самите тагови да ги ставаш лабаво на држачот.
П.С. нашите порано одеа со држач со лепенка, нешто е сменето?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Да, така ми беше претходно. Грчкиот држач стоеше и овој македонскиот иако не беше баш соодветен за тој држач влегуваше некако и функционираше (ист како овој на сликата подоле). Ама сега тој остана во старата кола, а кога пребарував по дома не можев да најдам држач, па мислев дека доаѓа нашиот без него. Некој да потврди? Ако доаѓа со него, ќе барам поинтензивно по дома, ама ако не, не знам што да смислам :-)
« Последно менување: 19 Август 2026, 13:57:23 pm Abertzale »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2982
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1291 на: 19 Август 2026, 13:55:40 pm »
Има држач со МКД.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 80
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1292 на: 19 Август 2026, 18:25:16 pm »
Има држач со МКД.
Го најдов ама џабе. Не може со грчкиот. Тоа е тоа.

Отсутен boksata

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1293 на: 19 Август 2026, 19:49:15 pm »
Грчкиот не знам, ама македонскиот фаќа и од glove compartment.
Јас обично го чувам под радиото во тие прегради и никогаш не се случило да не фати.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45221
  • Il Moderatore
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1294 на: 19 Август 2026, 20:18:16 pm »
Со српскиот Таг добив зип кесичка како „метална“ (личи на антистатичкине за дискови и комп. компоненти“). На сатот на тол4ол си пишуе  фино, ако користиш други тагови, овие што не ти се во употреба - во кесица.
Ако немате кесичка таква, сапуњерка метална или у најлош случај стуткај го во неколку слоеви алу-фолија. 
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 341
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1295 на: 20 Август 2026, 10:00:49 am »
Грчкиот не знам, ама македонскиот фаќа и од glove compartment.
Јас обично го чувам под радиото во тие прегради и никогаш не се случило да не фати.

Ова е точно за тебе и твоето возило, не значи дека е правило. Технологијата се базира на RFID, зависи од шофершајбната и многу други фактори, може да има интереференци. Има одредени автомобили каде воопшто не работат таговиве.

Колега има старо Пежо 208 (мислам 2009-10), едноставно тагот не му работи - јас го тестирав се е ок.

Од друга страна, она што го пишува Симо може да го правите само ако имате проблем...пример со алуминиумска фолија за да не се прочитаат двата во иста милисекунда.
Јас имам МК и грчки, го ставам само во средниот компартмент едниот кога не се користи и немам проблеми.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 80
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1296 на: 20 Август 2026, 13:15:42 pm »

Влегува грчкиот во македонската основа?
Еве го мојот сетап, ама овој грчкиот е подебел и не може да влезе. Претходно го пикав македонскиот во грчкиот сосе држачот. Сега го читам ова што го пишав и звучи доста безобразно но намерата не ми беше таква.
https://ibb.co/QFsNJm5x

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2982
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1297 на: 20 Август 2026, 13:50:44 pm »
Ама ти имаш од Attiki Odos.

Држачите за МКД и за Egnatia Odos се исти пошто и ТАГ-овите се исти.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 80
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1298 на: 20 Август 2026, 14:34:37 pm »
Ама ти имаш од Attiki Odos.

Држачите за МКД и за Egnatia Odos се исти пошто и ТАГ-овите се исти.
Е тоа ме интересираше. Фала ти.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8409
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1299 на: 20 Август 2026, 22:10:38 pm »
Не си играјте со таговите, од ваму фаќа од таму фаќа....тагот треба да биде залепен на шофершајбна и точка. Кај поновите коли со заштитна фолија си има обележано место каде треба да стои тагот.
Ќе си направите штета на вашето возило а и штета на патарината која ќе ја плаќате дур сте живи.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7429
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1300 на: 21 Август 2026, 07:06:59 am »
Не знам дали можиш Жиле да кажиш ама ме интересира, двата тагови пример ги ставам на стакло, грчки и македонски, па кај нас ако го прочита првин грчкиот, системот не ја отвора рампата или скенира друг ако најди за да отвори?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8409
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1301 на: 21 Август 2026, 07:16:14 am »
Грчкиот и македонскиот таг не се на иста фрекфренција (барем не беа, ама и тие менуваа нешто во меѓувреме) ќе си го прочита нашиот бидејки само од тој може да наплати.
Сум видел камиони со 5-6 тага залепени на стакло и си проаѓаат со наш таг. Да не те излажам, пробај стави ги двата тага и види кој ќе титне. Дури и да титне грчиот нема како да наплати за да отвори рампа.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7429
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1302 на: 21 Август 2026, 07:26:02 am »
Немам македонски онака ме интересираше, дека симо спомна фарадеева кеса.
Сигурно некој мислел и на камионите со неколку тагови.

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1303 на: 21 Август 2026, 07:39:09 am »
Не си играјте со таговите, од ваму фаќа од таму фаќа....тагот треба да биде залепен на шофершајбна и точка. Кај поновите коли со заштитна фолија си има обележано место каде треба да стои тагот.
Ќе си направите штета на вашето возило а и штета на патарината која ќе ја плаќате дур сте живи.
Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk

@Zile Оваа изјава со штетата да ја сфатиме како претење?
Со што ќе направам штета на моето возило ако не го залепам тагот за предното стакло?

Ова со точката е премногу авторитативно изјавено. Објаснете им го начинот на функционирање на таг-от на корисниците за да не читаме глупости од двете страни. Она со антената на настрешницата, двете антени лево-десно од сообраќајната патека, која антена што зрачи, тагот што зрачи, со која снага зрачат и кој е дометот на антената со таа снага, зошто е кесата од метализиран материјал за чување на таг-от. Батали тоа точката, докажи го авторитетот, сега е 21 век и има по некој од овде кои нешто и разбираат...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8409
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1304 на: 21 Август 2026, 07:39:18 am »
Јас кога тестирам наши тагови, а стално имам по 5-6 во кола ги ставам во алуминска ќесичка, онаа со светкава фолија што е, да речеме како ќеса од чипс. Фолијата го прикрива зракот и тогаш не го чита. Доволно само ќесичката/фолијата да биде светкава и тагот да е тргнат од стакло.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk