Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 133172 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7316
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1200 на: денес во 07:04:57 »
Во 2 часа ми вратија за промена на таблицата, пред месец дена, новата фирма.
Ама уште го немам пробано тагот, не сум имал прилика.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4663
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1201 на: денес во 07:50:56 »
Во 2 часа ми вратија за промена на таблицата, пред месец дена, новата фирма.
Ама уште го немам пробано тагот, не сум имал прилика.
Како ги контактираше?
Јас се најавив на овој сајт https://myegnatiapass.gr/Login и после логирање има контакт форма и им пишав.
Добив мејл за потврда дека го примиле барањето од myegnatiapass@neodos.gr.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7316
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1202 на: денес во 08:09:54 »
Така преку вебот, преку контакт формата, гледам во испратени немам пишано мејл.

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2869
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1203 на: денес во 08:53:03 »
Дали при промена на кола (таблица) задолжително треба да се пријави на фирмата и да се направи промената? Дали ако му го дадам грчкиот таг на татко ми ќе има проблем при поминување на патарина со неговата кола
Своерачен потпис ;)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6932
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1204 на: денес во 09:18:25 »
За Грција како е сега, бидејќи се сменала компанијата. Како го регистрирам тагот што го добив од претходната компанија.
Како што знам, си функционира све без да треба нешто да се менува.
Јас се логирав на сајтот, сакав да ставам кредит да имам за проаѓање, ама ми е регистриран со друго возило, па им пишав дали може да сменат.Мада претходно тука на форум пишаа дека нема потреба, ќе се отвара рампата. И верувам дека е така, сигурно не проверува и таг и таблици на наплатна за да ти ја отвори рампата.
Ако ми одговорат нешто до утре ќе пишам тука.
Некој да потврди? Дали може да се нарача уште еден таг за друга кола?