Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 107025 пати)

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 432
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1020 на: 06 Мај 2026, 14:54:03 pm »
Имало некој промени со грчкиот таг. Страната нешто е промената и требало да се направат некој промени во  апликацијата.

Знае некој повеќе за ова? Поминал некој без проблем во последно време?

Јас поминав на 12ти април, немаше никаков проблем.

Присутен igor.mkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1021 на: 06 Мај 2026, 15:14:44 pm »
Јас сега земав М Таг од Телеком Рамстор - 588 ден со срца, Телеком Лептокарија и Телеком Плоштад немаат на лагер, све се продадени.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 635
  • Сузуки Витариче
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1022 на: 06 Мај 2026, 15:17:08 pm »
Имало некој промени со грчкиот таг. Страната нешто е промената и требало да се направат некој промени во  апликацијата.

Знае некој повеќе за ова? Поминал некој без проблем во последно време?

Нарачките на нови тагови со испорака до Македонија не работат веќе неколку месеци.
Имаат нова фирма која го работи системот и доколку нарачаш ти испраќаат информација дека нема опција за испорака и те пренасочуваат да ги купиш/подигнеш таг од наплатна станица.

Потпис.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8255
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1023 на: 06 Мај 2026, 18:16:51 pm »
И јас си земав денес, со попустот од Магента Моментс.

M-Кард ќе ми остане за патарината Миладиновци, барем засега  :)
Миладиновци е почната со обнова и воведување на новиот систем, така да нема да ти треба и за таму. Убаво е да си ја имаш во кола за секој случај.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1024 на: 06 Мај 2026, 19:30:39 pm »
Јас моментално со мкард сум само. Тагот би го купил со срцата од маганта со попуст.
Ќе проверам во салон уште денес дали го има во Битола. Да го имам за секој случај со надеж дека би проработил и за Грција наредно лето :)

Чисто за ИНфо за сите кои саккат преку срцата од моментс да земат таг преку Т-хоум.
Дозволено е само за приватни/физичко лице корисници, не и за деловни.
ама важно ми ги одзема срцата од сметка, но во салон не му дозволува да го скенираат производот и да наплатат на деловна сметка.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен stefan155

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1025 на: 06 Мај 2026, 22:08:58 pm »
И јас си земав денес, со попустот од Магента Моментс.

M-Кард ќе ми остане за патарината Миладиновци, барем засега  :)
Миладиновци е почната со обнова и воведување на новиот систем, така да нема да ти треба и за таму. Убаво е да си ја имаш во кола за секој случај.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk
Да не знаеш кога би завршиле со реновирање?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8255
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1026 на: 06 Мај 2026, 23:11:51 pm »
И јас си земав денес, со попустот од Магента Моментс.

M-Кард ќе ми остане за патарината Миладиновци, барем засега  :)
Миладиновци е почната со обнова и воведување на новиот систем, така да нема да ти треба и за таму. Убаво е да си ја имаш во кола за секој случај.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk
Да не знаеш кога би завршиле со реновирање?
Не би знаел, знам само дека ќе оди споро, и ќе трае долго, евентуално ако не ја затворат во целост па така да се убрзаат работите.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 317
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1027 на: 07 Мај 2026, 10:56:49 am »
Имало некој промени со грчкиот таг. Страната нешто е промената и требало да се направат некој промени во  апликацијата.

Знае некој повеќе за ова? Поминал некој без проблем во последно време?

Јас бев околу 1-ви мај, немаше никакви проблеми за поминување, не гледам дека има промени во апликацијата.
Единствено ме нервира кај Грците што не кажува останата сума, ама барем имаат апликација и можеш да надополнуваш колку сакаш (а не мин 1000 денари).

Отсутен WastedCobe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
  • Alfa Romeo 159 TBi
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1028 на: 07 Мај 2026, 12:56:05 pm »
И јас сабајлево земав М-Таг со промоцијата од Телеком.

Го подигнав во продавницата во трговскиот Капитол, жената кога отиде позади за да земе уред, донесе повеќе уреди на бирото така што го земам како знак тоа дека имаат на залиха.

Успешно го сетирав, прилично лесен setup.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4295
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1029 на: 07 Мај 2026, 13:01:47 pm »
Вчера ја имав таа понуда во моментс, денес ја нема...само еден ден траеше?
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2782
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1030 на: 07 Мај 2026, 13:11:18 pm »
Вчера ја имав таа понуда во моментс, денес ја нема...само еден ден траеше?

Не е до траењето на понудата, претпоставувам дека залихите на тагови кои им биле достапни од ЈПДП се потрошиле.
Џабе ќе стои понудата ако нема залиха. И на самата понуда пишуваше - ограничени количини.

Не знам дали сте виделе по колку луѓе учествуваат во другите наградни игри преку Магента Моментс, секогаш се над 20 илјади корисници (ја пишува бројката). За Формула 1 во Будимпешта моментално има скоро 22000 во игра.
Пола од тие да кликнале за тагов...

Отсутен Aleksandar-93mkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1031 на: 07 Мај 2026, 13:30:55 pm »
Имало некој промени со грчкиот таг. Страната нешто е промената и требало да се направат некој промени во  апликацијата.

Знае некој повеќе за ова? Поминал некој без проблем во последно време?

Јас бев околу 1-ви мај, немаше никакви проблеми за поминување, не гледам дека има промени во апликацијата.
Единствено ме нервира кај Грците што не кажува останата сума, ама барем имаат апликација и можеш да надополнуваш колку сакаш (а не мин 1000 денари).
Како мислиш не покажува? На апликацијата ти стои колку имаш.
А ако имаш малце ти покажува на патарина дека имаш малце средства.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 317
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1032 на: 07 Мај 2026, 14:02:09 pm »
Имало некој промени со грчкиот таг. Страната нешто е промената и требало да се направат некој промени во  апликацијата.

Знае некој повеќе за ова? Поминал некој без проблем во последно време?

Јас бев околу 1-ви мај, немаше никакви проблеми за поминување, не гледам дека има промени во апликацијата.
Единствено ме нервира кај Грците што не кажува останата сума, ама барем имаат апликација и можеш да надополнуваш колку сакаш (а не мин 1000 денари).
Како мислиш не покажува? На апликацијата ти стои колку имаш.
А ако имаш малце ти покажува на патарина дека имаш малце средства.

Па мислам дека бев јасен, проаѓаш на патарина и на екранот ти стои само OK или LOW. Со тоа што LOW е под 10 евра.

Кај нас ти дава точна сума колку имаш, не знам зашто би ме интересирало OK/LOW ако на истиот простор можам да ја добијам сумата.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6995
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1033 на: 07 Мај 2026, 14:31:00 pm »
Вчера ја имав таа понуда во моментс, денес ја нема...само еден ден траеше?

Купи си од патарина и регистрирај си го на кој сакаш оператор.

Е сеа, може немаш попуст така, ама па да ги чекаш овие на залиха да имаат…

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1034 на: 07 Мај 2026, 19:44:42 pm »
Само што го регистрирав, го подесив да ми одзима од картичка, стои статус активен.

Ќе го пробам до после дали работи.

На овој сајт се регистрирате, лесно и едноставно е: http://www.telekom.enp.mk/


Не ми е јасно зошто не можам да регистрирам таг што не е купен од операторите.

Истиот уред е.

Најверојатно затоа што кога го земав, дечкото го кликна со баркод пред да ми го предаде, вероватно така го внесува во нивниот систем на сајтов телеком енп дека е купен од кај нив.
Ај баш пиши кога ќе пробаш

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Го тестирав, тагот си работи.

Е сега во метод на плаќање имам одбрано платежна картичка.
Но пари од картичката ми нема повлечено. Ниту некаква нотификација добив на телефонот кога ја поминав патарината.

Кога се логирам на Телеком ЕНП во делот статистика ми стои дека сум потрошил 40 денари.

Ако имам одбрано картичка за плаќање, нели треба да ми ги повлече парите од сметка веднаш ?