Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 107033 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6995
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1005 на: 05 Мај 2026, 20:29:26 pm »
Еве сега сакаше да го регистрира на А1. Без никаков проблем.

Салдо 0, ме предупреди дека вршам миграција на уред и дека ако има средства на сметката - умираат.

Го наместив за плаќање со картичка. Па, видеќемо.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2365
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1006 на: 05 Мај 2026, 22:08:03 pm »
Само што го регистрирав, го подесив да ми одзима од картичка, стои статус активен.

Ќе го пробам до после дали работи.

На овој сајт се регистрирате, лесно и едноставно е: http://www.telekom.enp.mk/


Не ми е јасно зошто не можам да регистрирам таг што не е купен од операторите.

Истиот уред е.

Најверојатно затоа што кога го земав, дечкото го кликна со баркод пред да ми го предаде, вероватно така го внесува во нивниот систем на сајтов телеком енп дека е купен од кај нив.
Мора вдуќан одење или има множност за онлајн нарачка?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8255
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1007 на: 05 Мај 2026, 23:07:48 pm »
Само што го регистрирав, го подесив да ми одзима од картичка, стои статус активен.

Ќе го пробам до после дали работи.

На овој сајт се регистрирате, лесно и едноставно е: http://www.telekom.enp.mk/


Не ми е јасно зошто не можам да регистрирам таг што не е купен од операторите.

Истиот уред е.

Најверојатно затоа што кога го земав, дечкото го кликна со баркод пред да ми го предаде, вероватно така го внесува во нивниот систем на сајтов телеком енп дека е купен од кај нив.
Ај баш пиши кога ќе пробаш

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1008 на: 06 Мај 2026, 07:24:02 am »
Мора вдуќан одење или има множност за онлајн нарачка?

Не знам да ти кажам искрено, вчера само што ја видов објавата, веднаш после работа во првиот салон отидов во Телеком.


]Ај баш пиши кога ќе пробаш


Договорено, синоќа не бев, здравје денес ќе отидам да го пробам.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7243
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1009 на: 06 Мај 2026, 07:53:15 am »
Дали треба да си на Телеком/А1 за да функционира уредот?
Дали може на пример да го купиш и поврзешмсо дебитна картичка да одзема или мора да се префрла салдо?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6995
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1010 на: 06 Мај 2026, 08:07:52 am »
@tomaso

Можеш и од патарина да си купиш, успат, ако не ти се оди специјално за тоа во салон.

@AllMightyMe

Ако не е регистриран уредот преку телеком оператор, ќе надополнуваш.

Ако го регистрираш, тогаш може да одзема од картичка или да ти го есапи на сметката на телефонот, што по мое е не баш практично, пошто А1 има лимит од 3.000,00 денари месечно ако ти ги пресметува патарините на сметка.

Само гледај да немаш пари за трошење, ако веќе го имаш купено од ЈПДП кога ќе го префрлаш.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2823
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1011 на: 06 Мај 2026, 08:48:43 am »
Јас го чекам моментот кога ќе може со еден таг да се поминуваат патарините на цел Балкан, или барем Македонија, Србија, Грција, Хрватска, се усогласуваат веќе подолг период
Своерачен потпис ;)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7222
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1012 на: 06 Мај 2026, 09:11:23 am »
Mакедонија и Грција не одат заедно, ќе се изначекаш.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2365
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1013 на: 06 Мај 2026, 10:31:21 am »
Јас моментално со мкард сум само. Тагот би го купил со срцата од маганта со попуст.
Ќе проверам во салон уште денес дали го има во Битола. Да го имам за секој случај со надеж дека би проработил и за Грција наредно лето :)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1014 на: 06 Мај 2026, 11:07:04 am »
А зашо не нарачаш грчки таг? Бесплатно е и го праќаат по карго

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2823
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1015 на: 06 Мај 2026, 11:18:41 am »
А зашо не нарачаш грчки таг? Бесплатно е и го праќаат по карго
Моментално има некој застој со таговите, се промени концесионерот на автопатот, пред некој ден имаше инфо дека моментално не е можно да се нарача таг електронски
Своерачен потпис ;)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7243
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1016 на: 06 Мај 2026, 12:47:31 pm »
@tomaso

Можеш и од патарина да си купиш, успат, ако не ти се оди специјално за тоа во салон.

@AllMightyMe

Ако не е регистриран уредот преку телеком оператор, ќе надополнуваш.

Ако го регистрираш, тогаш може да одзема од картичка или да ти го есапи на сметката на телефонот, што по мое е не баш практично, пошто А1 има лимит од 3.000,00 денари месечно ако ти ги пресметува патарините на сметка.

Само гледај да немаш пари за трошење, ако веќе го имаш купено од ЈПДП кога ќе го префрлаш.

Лично би преферирал да си надополнувам пари на него.

За тоа, доволно е само да го купам и што понатаму, каде кажувам таблици, каде надополнувам пари?
Фала

Отсутен Aleksandar-93mkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1017 на: 06 Мај 2026, 13:09:26 pm »
Имало некој промени со грчкиот таг. Страната нешто е промената и требало да се направат некој промени во  апликацијата.

Знае некој повеќе за ова? Поминал некој без проблем во последно време?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6995
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1018 на: 06 Мај 2026, 13:38:44 pm »
@tomaso

Можеш и од патарина да си купиш, успат, ако не ти се оди специјално за тоа во салон.

@AllMightyMe

Ако не е регистриран уредот преку телеком оператор, ќе надополнуваш.

Ако го регистрираш, тогаш може да одзема од картичка или да ти го есапи на сметката на телефонот, што по мое е не баш практично, пошто А1 има лимит од 3.000,00 денари месечно ако ти ги пресметува патарините на сметка.

Само гледај да немаш пари за трошење, ако веќе го имаш купено од ЈПДП кога ќе го префрлаш.

Лично би преферирал да си надополнувам пари на него.

За тоа, доволно е само да го купам и што понатаму, каде кажувам таблици, каде надополнувам пари?
Фала

Ондак само купи си од патарина и надополнувај преку веб страната. Има на работ од уредот бројче, тоа е уствари бројот на тагот и тоа го внесуваш за надополнување, при што минимум износ е 1.000-ка за секое надополнување. Не е врзано за возило, т.е. не внесуваш таблици нигде.

Јас баш од тоа и бегам, да не треба да се замарам со надополнување. Ова со операториве мене ми испадна топ, буквално да не застанам на патарина ever again, односно дур не ме заебе некоја рампа да не крене.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2782
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1019 на: 06 Мај 2026, 14:16:26 pm »
И јас си земав денес, со попустот од Магента Моментс.

M-Кард ќе ми остане за патарината Миладиновци, барем засега  :)