Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 73952 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8216
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #870 на: 08 Јануари 2026, 16:49:17 pm »
Ја ќе се изненадам (пријатно) коа конечно ќе пуштат тагови на Миладиновци и Тетво - Гостивар. Како научна фантастика да е.
Миладиновци најверојатно од нареден месец ќе почне да се прави, а Тетово-Гостивар нема да биде во блиска иднина.

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #871 на: 08 Јануари 2026, 16:49:54 pm »
Zelino i Glumovo treba da se otstrani citac na m.kard na lentata od m tag, deka brakata vo najgolemata guzva so m kard idat na m tag lentata i op nema kredit pa rikverc pa ti so tagot cekaj si

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6998
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #872 на: 08 Јануари 2026, 16:52:58 pm »
Ги утнаа тие патарини, требаше да ги прошират барем за по уште две ленти во правец, тамам за М-таг бидејки има доста сообраќај према Тетово.

Вака се само 4 ленти во правец, 2 за кеш, една м-кард и една м-таг и таа Мкард најчесто ја прават да е за Кеш бидејки се собира гужва.

И Миладиновци, ако не ја прошират барем за по уште две ленти ќе биде џабе, најоптеретена патарина е.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6800
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #873 на: 08 Јануари 2026, 16:56:17 pm »
Сега од 2026 тагови ќе продаваат Телеком и А1 со можност за наплата преку телефонска сметка. Ако некој планира да купува да си ја има во предвид и оваа опција.

Доообро.

Ние со овие постојниве, ќе треба да ги фрламе, а?

Би било добро некоја магија да се направи постојните тагови да имаат можност за пост пејд, или вака на сметка.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2664
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #874 на: 08 Јануари 2026, 17:02:19 pm »
Ја ќе се изненадам (пријатно) коа конечно ќе пуштат тагови на Миладиновци и Тетво - Гостивар. Како научна фантастика да е.
Миладиновци најверојатно од нареден месец ќе почне да се прави, а Тетово-Гостивар нема да биде во блиска иднина.

Ќе се проширува ли со дополнителни ленти или јок? :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8216
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #875 на: 08 Јануари 2026, 18:15:40 pm »
Во план е да се прошири (затоа и се чека толку време за да се почне) ама, секогаш има едно АМА....

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17916
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #876 на: 08 Јануари 2026, 18:27:51 pm »
На ТЕ-ГВ се работи доста интензивно со трасирање, голем дел од проширивањето е израмнето, тампонитрано и донесено на ниво на постоечкиот пат.

Верувам дека има дупешки со експропријација ама личи како да ќе биде.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2220
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #877 на: 08 Јануари 2026, 18:30:11 pm »
На ТЕ-ГВ се работи доста интензивно со трасирање, голем дел од проширивањето е израмнето, тампонитрано и донесено на ниво на постоечкиот пат.

Верувам дека има дупешки со експропријација ама личи како да ќе биде.

Ќе биде и тој и Гостивар - Кичево најверојатно пред да се заврши Кичево - Охрид.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6998
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #878 на: 08 Јануари 2026, 18:31:38 pm »
И од Гостивар према Кичево добар е напредокот, доста е пробиено.
Само никако да го најдам официјалниот проект, вероватно ќе има долг тунел околу 10 км кој ќе излегува кај Букојчани.

Сериозно ќе се скрати временски за патување до Охрид кога ќе биде во целост готов.

На крај само ќе остане единствената проблематична делница, Градско-Прилеп. Ова мораше да биде автопат во целост, 2 големи градови се во прашање, а не мутиран експресен пат да добиеме, за понатаму кривини еден тон до Прилеп по постоечката делница.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2220
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #879 на: 08 Јануари 2026, 18:49:21 pm »
И од Гостивар према Кичево добар е напредокот, доста е пробиено.
Само никако да го најдам официјалниот проект, вероватно ќе има долг тунел околу 10 км кој ќе излегува кај Букојчани.

Сериозно ќе се скрати временски за патување до Охрид кога ќе биде во целост готов.

На крај само ќе остане единствената проблематична делница, Градско-Прилеп. Ова мораше да биде автопат во целост, 2 големи градови се во прашање, а не мутиран експресен пат да добиеме, за понатаму кривини еден тон до Прилеп по постоечката делница.

Спрема проектот за Букојчани-Кичево, https://roads.org.mk/wp-content/uploads/2023/03/ESIA-NTS-MK-Final.pdf, ако добро ја гледам мапата и насоката од почетокот кај Букојчани, мора да оди низ планина.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6998
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #880 на: 08 Јануари 2026, 19:03:41 pm »
Да ама од Букојчани одма е тука планината високо. Не верувам дека ќе одат го горе, туку од другава страна ако отвориш гугл мапс се гледа дека е пробиено од Гостивар до село Долна Ѓоновица. Вероватно ќе се продолжи натаму према Србиново и Падалиште и некаде кај Падалиште да се пробие тунел под планината што ќе излегува од другата страна кај Букојчани. (како што е и за пругата Гостивар-Кичево тунелот во должина од 8 км.)

Ама ова е само моја претпоставка гледајки го теренот каков е, друга опција не гледам. Да го имаше некаде проектот прикачен ќе беше друга песна.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17916
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #881 на: 08 Јануари 2026, 19:03:51 pm »
Седев со инженер од ГИМ што работи на ГВ-КИ и се смеевме дека сме шампиони во градење ридско-планински автопати со минимална употреба на тунели.

Си кажа човекот дека проектот нема доволно пари за бушење тунели бидеќи ќе треба на многу места, многу долги траси да се пробиваат во планини.

Еве според трасата има еден тунел од 700 метри што веројатно апсолутно морал да се пробие. Кај не морало, мостови и виадукти.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6998
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #882 на: 08 Јануари 2026, 19:05:09 pm »
Седев со инженер од ГИМ што работи на ГВ-КИ и се смеевме дека сме шампиони во градење ридско-планински автопати со минимална употреба на тунели.

Си кажа човекот дека проектот нема доволно пари за бушење тунели бидеќи ќе треба на многу места, многу долги траси да се пробиваат во планини.

Еве според трасата има еден тунел од 700 метри што веројатно апсолутно морал да се пробие. Кај не морало, мостови и виадукти.

Ако го има некаде проектот во ПДФ, ќе го споделиш ?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4213
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #883 на: 08 Јануари 2026, 19:08:13 pm »
И од Гостивар према Кичево добар е напредокот, доста е пробиено.
Само никако да го најдам официјалниот проект, вероватно ќе има долг тунел околу 10 км кој ќе излегува кај Букојчани.

Сериозно ќе се скрати временски за патување до Охрид кога ќе биде во целост готов.

На крај само ќе остане единствената проблематична делница, Градско-Прилеп. Ова мораше да биде автопат во целост, 2 големи градови се во прашање, а не мутиран експресен пат да добиеме, за понатаму кривини еден тон до Прилеп по постоечката делница.

Автопатот требаше да биди Меџитлија - Битола - Прилеп па од таму преку Богомила за Велес. Само што Прилеп - Велес како проект го баталија, и сеа ќе правеле автопат или експресен пат на Плетвар.

Барем да почнеа со автопатот од Меџитлија, ќе имавме автопат од Лерин до Прилеп.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17916
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #884 на: 08 Јануари 2026, 19:13:51 pm »
Ако го има некаде проектот во ПДФ, ќе го споделиш ?

Еве го Андреј погоре го ставил.

Иначе трасата би требало да ја следи во огромен дел постоечката но напуштена железничка траса ГВ-КИ, која ја возело вовчето Ќиро (читајте и коментари). Татко ми потекнува од Горна Ѓоновица и како дете памти дека оделе во село со возот, а дел од трасата ја оделе пешки и стигале пред возот зошто бил многу спор :)