А македонскиот таг не ли е постпејд?
Купив еден пред 6 дена, ставив 1000 ден, па веднаш го регистрирав на tall4all и го поврзав со платежна картичка. Не бев сигурен дали во МК ќе биде поврзан со картичката, па се јавив во ЈПДП. Операторот кажа дека системот ќе влече пари од картичката по потрошувањето на припејдот.
Би те замолил да пробаш дали работи влечењето од картичка кога ќе снема припејд пари.
Пробав, не работи како постпејд.
Поминав пред 2 недели со последните 40 и нешто денари на штипската патарина. Ме пушти и ми напиша -6 денари. Наредниот ден, недела беше, не ме пушти да поминам со -6 на истата патарина, па плаќав кеш тој ден. Чекав 3-4 да ми повлечат пари и да ги наплатат тие 6 денари, не повлекоа, па надополнив онлајн. Или јас сум го разбрал погрешно операторот од ЈПДП, или тој не знае како стојат работите.