Сетапот е - поминав граница, на АМСС бутката „добар дан, добар дан - причате српски - причамо“ Дајте еден таг, ама за постпејд. И она ми го регистрира таму, ми го стокми и ми даде документи, таг и упутства. Се регистрираш на
https://enp.amss.org.rs/ малтене ребрендиран
https://toll4all.com/login пошто овие се дилери на тагови официјални. Преку нивниот сајт си пријавив картици за наплата и го регистрирав за МКД, ЦГ и за Хрватска (освен Истра). За хрватска да го регистираш тагот, те префрла на нивниот сјат на HAC (хрватске аутоцесте), каде мора да го (до)регистрираш тагот со уште неколку кликови, и на нивниот сајт да внесеш картица за наплата.
Генерално не е сложено, ама па и не е стрејт форвард - купи таг и вози.
Останува уште Грција и Босна да ги интегрираат, според планот.
Едит, приметив на некои ENP рампи си стои назнака „Надопуна“. Веројатно на тие може да напраиш и надопуна на припејд тагот.