Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 15673 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5272
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #435 на: 17 Октомври 2024, 11:57:22 am »
М-кард е одлична измислица за стимулирање на користење на безготовинско плаќање, но ја јаде забот на времето и неможе истите подесувања на рампите да биде денес и пред 5 години. Супер е и треба да остане, ама не заглавена во нефункционалниот систем. А дотогаш минус знакот не е никаква пречка за поминување. Од ниту еден аспект.

Или можеби само да постават ПОС терминали директно да си плаќаме со платежни картички, наместо да измислуваат топла вода со претплати како Мкард... Ама така како ќе вработуваат партијски заслужници по патарините?

Или зошто не се воведе систем со вињетки. И пак идеме до истото: Како ќе вработуваат партијски заслужници по патарините?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16703
  • Keep it 100
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #436 на: 17 Октомври 2024, 14:09:17 pm »
Мене ме интересира дали Мтаг-от кога е поставен горе на шофершајбна на СУВ ќе го регистрира како 2ра категорија т.е камион и дали Мтаг-от кога е поставен доле на шофершајбна на камион ќе го регистрира како 1-ва категорија т.е висок автомобил (СУВ)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5272
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #437 на: 17 Октомври 2024, 14:50:52 pm »
Многу предлози имаа на маса јпдп ама едноставно не сакаа ни да слушнат а камо ли да ги погледнат. Убаво си ги опиша погоре и нема потреба да ги коментирам.

За лентите која е затворена а која отворена одговорен е шефот на смена.

...

Јас знам цел систем како функционира ама знам и кој го контролира и не би се осудил да поминам на црвено.

Валидни забелешки и предупредувања.
Но ако логично размислуваме, нели подобро би било пред рампите кои се сервисираат, дежурниот шеф на смена да наложи да се стави еден лежечки СТОП знак?

Пошто никако не сме на чисто дали сите патарини имаат МКАРД семафор горе, дали се сервисираат или едноставно се немаат начин како да сигнализираат дека таму може да се помине со мкард.


Е сега пошто твоето е коректно предупревање, ќе мораме да минуваме низ МТАГ рампите или низ КЕШ рампите на кои нема гужва... Ако е точно тоа дека на секоја рампа има МКАРД терминал.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 486
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #438 на: 17 Октомври 2024, 15:23:07 pm »
Мене ме интересира дали Мтаг-от кога е поставен горе на шофершајбна на СУВ ќе го регистрира како 2ра категорија т.е камион и дали Мтаг-от кога е поставен доле на шофершајбна на камион ќе го регистрира како 1-ва категорија т.е висок автомобил (СУВ)

Цитат
АВТОМАТСКА КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ВОЗИЛА (АКВ)
Системот за електронска наплата на патарина на Коридорот 10 содржи подсистеми за автоматска класификација на возилата (пред и пост автоматска категоризација) ги детектира и брои осовините и ја одредува висината на првата осовина,додека возилото поминува низ сообраќајната лента.

За утврдување на висината на надоместокот за употреба на пат (патарина) за различните видови на возила, во зависност од видот на возилото, бројот на осовини и висината кај предната осовина, возилата се распоредуваат во пет категории:

прва категорија А (IA):
моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала),
прва категорија Б (IB):
возила со две осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри,
втора категорија:
возила со три или повеќе осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри, и
возила со две осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри или пониска од 1,8 метри, и
возила со приколка со три или повеќе осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри
трета категорија:
возила со три осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри, и
возила со две осовини и висина кај предната осовина иста или повисока од 1,8 метри
четврта категорија:
возила со четири или повеќе осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри,

Висина на возилото кај предната осовина, се мери вертикално од коловозот до највисоката точка на возилото, над предната осовина.

Извадок од https://etc.roads.org.mk/AMC/MANUAL

Грчкиот ТАГ при регистрација се бира и тип/категорија на возило. Сигурно имаат и дополнителна контрола за тоа на патарините...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7757
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #439 на: 17 Октомври 2024, 15:31:47 pm »


Мене ме интересира дали Мтаг-от кога е поставен горе на шофершајбна на СУВ ќе го регистрира како 2ра категорија т.е камион и дали Мтаг-от кога е поставен доле на шофершајбна на камион ќе го регистрира како 1-ва категорија т.е висок автомобил (СУВ)

М тагот е само за наплата. Категорија се одредува со оптичките бариери (читаат висина и должина на возила) и со лупови кои се поставени под асфалтот (читаат број на оски).

Многу предлози имаа на маса јпдп ама едноставно не сакаа ни да слушнат а камо ли да ги погледнат. Убаво си ги опиша погоре и нема потреба да ги коментирам.

За лентите која е затворена а која отворена одговорен е шефот на смена.

...

Јас знам цел систем како функционира ама знам и кој го контролира и не би се осудил да поминам на црвено.

Валидни забелешки и предупредувања.
Но ако логично размислуваме, нели подобро би било пред рампите кои се сервисираат, дежурниот шеф на смена да наложи да се стави еден лежечки СТОП знак?

Пошто никако не сме на чисто дали сите патарини имаат МКАРД семафор горе, дали се сервисираат или едноставно се немаат начин како да сигнализираат дека таму може да се помине со мкард.


Е сега пошто твоето е коректно предупревање, ќе мораме да минуваме низ МТАГ рампите или низ КЕШ рампите на кои нема гужва... Ако е точно тоа дека на секоја рампа има МКАРД терминал.

Логично размислуваш, ама во пракса и не е така. Многу пати бил поставен и метален знак пред лентата ама нашите ни мили човечиња и со се него знаат да влезат во лента. Така да само повеќе штета ке се направи. Незнам што е толку тешко да се сфати, ако има црвено горе ставено, има причина што е ставено, никој не го ставил од кеиф.

Да ти одговорам на второто и третото прашање. Имаат опција горе на семафорот да постават кеш, мкард, мтаг, мтаг со човече(тогаш е и мтаг и кеш и мкард) и црвено (затворена лента) Сите ленти, без разлика што пишува горе може да се поминат со мкард освен само кога е црвено.
Ова го зборам за обновениве патарини, а не за тетово-гостивар.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3852
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #440 на: 17 Октомври 2024, 15:51:36 pm »


Логично размислуваш, ама во пракса и не е така. Многу пати бил поставен и метален знак пред лентата ама нашите ни мили човечиња и со се него знаат да влезат во лента. Така да само повеќе штета ке се направи. Незнам што е толку тешко да се сфати, ако има црвено горе ставено, има причина што е ставено, никој не го ставил од кеиф.

Да ти одговорам на второто и третото прашање. Имаат опција горе на семафорот да постават кеш, мкард, мтаг, мтаг со човече(тогаш е и мтаг и кеш и мкард) и црвено (затворена лента) Сите ленти, без разлика што пишува горе може да се поминат со мкард освен само кога е црвено.
Ова го зборам за обновениве патарини, а не за тетово-гостивар.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Мислам дека тука е кваката, односно повеќето се ставени од нессодветно имплементиран систм/работен процес. Ама како што рече некој, прво да се укине МКАРД на рампите кај МТАГ. Едноставно не може да не паднеш во искушение кога има 10 коли на рампа а овде е празно да не пробаш да поминеш таму, ризикуваќи да направише сериозна беља некому(и себе си).

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7757
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #441 на: 17 Октомври 2024, 16:18:37 pm »
Јас све ве разбирам и многу сте во право ама не е до нас веруј.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5272
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #442 на: денес во 02:39:04 »
да не паднеш во искушение кога има 10 коли на рампа а овде е празно да не пробаш да поминеш таму, ризикуваќи да направише сериозна беља некому(и себе си).

Не го рабирам ова баш, не е дека на мтаг лентата пролетуваат возила без да успорат дури и да нема возило пред нив. Не е ни забрането пошто си има мкард терминал... Освен возачки бонтон, и тоа што си има одделна мкард лента, не гледам проблем.