Преку Битола е 80+ km подолг патот и не се вози за 2 часа и 50 минути. (пред да одговориш, провери на гугле мапс)
Всушност можеби и би го извозил тој пат за тоа време, а можеби и нема да стигнеш до Охрид... Ризик кој не се исплати...
Од Лукоил кај Автобуската докај мене до дома преку Кичево има 177 км.
Преку Битола 236 км.
Значи 59 км разлика.
Пред две недели во 2:30 часот тргнав од Лукоил кај автобуската за Скопје преку Битола.
Со две застанувања, едно во Ресен од полиција, второто на Лукоил обиколница Битола заради тоалет.
Возење 20 до 30 км/ч од дозволеноста на знаците по магистрала, на автопат од Градско до влез на Скопје 130 км/ч.
Дома бев во 5:20, тоа се 2 часа и 50 минути.
Пред речиси месец ипол исто така навечер од кај болницата во Охрид до дома се враќав преку Кичево.
Возење исто до +30 км/ч од дозволеноста на знаците на магистрала и Гв-Те, Тетово-Скопје 130 км/ч.
Немав ниту едно застанување до дома
Тргнато во 23:35, дома бев во 2:15
Тоа се 2 часа и 40 минути.
Ја одговарам на она што јас го имам извозено реално, не гугл мапс што кажува.
ПС: Еве и математика малку за просечна брзина, 236 км преку Битола поделени со 170 минути возење, излегува 1.39 км во минута, за 60 минути значи просечна брзина 83 км/ч
177 км преку Кичево за 160 минути, доаѓа 1.10 км во минута, односно 66 км/ч просечна брзина.
Тоа се должи затоа што Пресека од двете страни ја возам споро, таму своја кола ако возиш повеќе од 50 км/ч значи сакаш тркалата да ги оставиш таму, особено на мостовите.
Потоа од Другово па се до искачување на стража возиш постојано низ населени места, Другово-Кичево-Трапчин Дол, Зајас, Колари па така повеќе од 60-70 км/ч нема шанси. Односно има, ама ако те упеца радар, остануваш без возачка. А секако во населено место повеќе од 10-15 км/ч не возам побрзо од дозволеноста, сепак е населено место.