Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 15156 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3788
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #150 на: 02 Август 2024, 23:40:12 pm »
Вчера, тргнавме од Скопје во 18:20. Прва патарина, 10тинс минути... Никаде знак за мкард, само за таг. Ама у цела таа гужва, се поминуваше кој од каде ќе му текне...

Втора патарина, 20тина минути.

Трета патарина, најбрзо поминавме, 5 минути максимум.

Четврта патарина, 40 минути, и уште толку од прилика дур го поминеме семафорот кај Гостивар.

После Гостивар, мрдна работата.

Скопје - Охрид: 4 саата.

Лудило...



Sent from my Xiaomi 13T



Поооооооооо..... колку време за размислување има во тие 40 минути :D

Шала настрана. Ако може да е животот поедноставен за 20 евра, зошто да не се дадат и мирна глава. Секако, доколку се патува често. За 20 минења годишно и М-Кард е топ работа. Лично мислење е ова, секако. На кој му се чека и му се муабети по патарините слободно нека си тера така.



If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6591
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #151 на: 02 Август 2024, 23:48:17 pm »
Има опција и преку Битола.

Преку Кичево 2 саати и 40 минути во нормални услови, не вакви колони. А мнозинството за Охрид оди преку Кичево.

Преку Битола 50 км плус, ама 2 саати и 50 минути го возам.

Засега до Охрид преку Битола возам.

Здравје да бидне и експресниот низ Дреновска клисура, ќе биде и уште побрзо

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #152 на: 03 Август 2024, 00:56:29 am »
Не ви текна да побарате видео на јутјубето за патариниве?

Еве што објавиле пред 5 години. Се уште е валидна информацијава...

https://www.youtube.com/watch?v=zts50qpfiNU&ab_channel=360Stepeni

Додека ги разгледував видеата и ги споредував македонските со српските патарини (го гледав ова видео https://www.youtube.com/watch?v=ZNXr5KESICo&ab_channel=DoubleATutorijali и интересниот факт е на 8:15 осум минути и петнаесет секунди од почетокот на видеото) и забележав дека на нашите патарини се нашол некој многу паметен и антената за активирање на транспондерот во возилото ја наместил под настрешницата (многу блиску до рампата), додека пак кај српсите наплатни станици таа антена стои на закосена конзола на посебен столб кој е поставен 10-тина метри пред настрешницата и со тоа кај нив се постигнува поголемо растојание од антената до рампата а со тоа и повеќе време за реакција на системот. Ем башка во Србија ограничувањето на брзината на поминување низ патарината со електронска наплата е 40 km/h а не 30 km/h како кај нас...


« Последно менување: 03 Август 2024, 01:12:00 am flashgordon007 »

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #153 на: 03 Август 2024, 01:26:04 am »
Има опција и преку Битола.

Преку Кичево 2 саати и 40 минути во нормални услови, не вакви колони. А мнозинството за Охрид оди преку Кичево.

Преку Битола 50 км плус, ама 2 саати и 50 минути го возам.

Засега до Охрид преку Битола возам.

Здравје да бидне и експресниот низ Дреновска клисура, ќе биде и уште побрзо

Преку Битола е 80+ km подолг патот и не се вози за 2 часа и 50 минути.  (пред да одговориш, провери на гугле мапс)
Всушност можеби и би го извозил тој пат за тоа време, а можеби и нема да стигнеш до Охрид... Ризик кој не се исплати...

Патот Струга - Скопје преку Кичево (што е приближно растојание како Охрид - Скопје) сум го извозил во 1996 со лада самара за час и 45 минути. Патот беше празен, возев ноќе, пред мене возеше комбе па не морав да внимавам многу на патот, јас млад и будала... Тогаш и никогаш повеќе. НИКОГАШ ПОВЕЌЕ! Не вреди тој ризик. Можеби денешниве автомобили можат да се движат со поголеми брзини одколку автомобилите пред 30-тина години, ама не се нашиве патишта за тие брзини.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5534
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #154 на: 03 Август 2024, 01:37:46 am »
Не знам зошто мислиш дека преку Битола е толку критичен патот. Прилепчани и Битолчани + Ресенчани го возиме тој пат до Охрид. Освен Прилеп-Битола, друга опасност не гледам.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6591
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #155 на: 03 Август 2024, 01:58:46 am »
Преку Битола е 80+ km подолг патот и не се вози за 2 часа и 50 минути.  (пред да одговориш, провери на гугле мапс)
Всушност можеби и би го извозил тој пат за тоа време, а можеби и нема да стигнеш до Охрид... Ризик кој не се исплати...

Од Лукоил кај Автобуската докај мене до дома преку Кичево има 177 км.
Преку Битола 236 км.

Значи 59 км разлика.

Пред две недели во 2:30 часот тргнав од Лукоил кај автобуската за Скопје преку Битола.
Со две застанувања, едно во Ресен од полиција, второто на Лукоил обиколница Битола заради тоалет.
Возење 20 до 30 км/ч од дозволеноста на знаците по магистрала, на автопат од Градско до влез на Скопје 130 км/ч.

Дома бев во 5:20, тоа се 2 часа и 50 минути.

Пред речиси месец ипол исто така навечер од кај болницата во Охрид до дома се враќав преку Кичево.
Возење исто до +30 км/ч од дозволеноста на знаците на магистрала и Гв-Те, Тетово-Скопје 130 км/ч.
Немав ниту едно застанување до дома
Тргнато во 23:35, дома бев во 2:15
Тоа се 2 часа и 40 минути.


Ја одговарам на она што јас го имам извозено реално, не гугл мапс што кажува. :)

ПС: Еве и математика малку за просечна брзина, 236 км преку Битола поделени со 170 минути возење, излегува 1.39 км во минута, за 60 минути значи просечна брзина 83 км/ч

177 км преку Кичево за 160 минути, доаѓа 1.10 км во минута, односно 66 км/ч просечна брзина.

Тоа се должи затоа што Пресека од двете страни ја возам споро, таму своја кола ако возиш повеќе од 50 км/ч значи сакаш тркалата да ги оставиш таму, особено на мостовите.
Потоа од Другово па се до искачување на стража возиш постојано низ населени места, Другово-Кичево-Трапчин Дол, Зајас, Колари па така повеќе од 60-70 км/ч нема шанси. Односно има, ама ако те упеца радар, остануваш без возачка. А секако во населено место повеќе од 10-15 км/ч не возам побрзо од дозволеноста, сепак е населено место.
« Последно менување: 03 Август 2024, 02:48:10 am FiLo »

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3384
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #156 на: 03 Август 2024, 09:48:21 am »
А зошто на пример не го искористувате Јасен кога одите накај Охрид и се гужви, да подолго е, ама бар не се замараш со гужви, ем природа, ем уживаш во возење 😃

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #157 на: 03 Август 2024, 16:24:55 pm »
Не знам зошто мислиш дека преку Битола е толку критичен патот. Прилепчани и Битолчани + Ресенчани го возиме тој пат до Охрид. Освен Прилеп-Битола, друга опасност не гледам.

Еве зошто:
Росоман - Плетвар: трактори, камикази, шегобијци и шерифи.
Прилеп - Битола: родео и овие претходните
Битола - Ресен: не сум поминал повеќе од 10 години, последниот пат кога поминав имаше клизиште и патот го „санираа“ жими мајка и родео на делници каде е крпен патот
Ресен - Охрид: родео, камикази, шегобијци, шерифи и пече на очите од тоа запалената депонија

Реално, вие до Охрид друг пат и немате (освен онаа двојно подолгата заобиколницата преку Демир Хисар), па и не ме чуди што го возите тој пат... (без навреда)


Се тури муабетов. Темата беше за ТАГ уреди кои не ги детектира патарината...

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3699
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #158 на: 03 Август 2024, 16:30:35 pm »
Од Битола до Охрид патот е супер, мазен асфалт цел пат.

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3713
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #159 на: 03 Август 2024, 19:54:06 pm »
Не знам зошто мислиш дека преку Битола е толку критичен патот. Прилепчани и Битолчани + Ресенчани го возиме тој пат до Охрид. Освен Прилеп-Битола, друга опасност не гледам.

Еве зошто:
Росоман - Плетвар: трактори, камикази, шегобијци и шерифи.
Прилеп - Битола: родео и овие претходните
Битола - Ресен: не сум поминал повеќе од 10 години, последниот пат кога поминав имаше клизиште и патот го „санираа“ жими мајка и родео на делници каде е крпен патот
Ресен - Охрид: родео, камикази, шегобијци, шерифи и пече на очите од тоа запалената депонија

Реално, вие до Охрид друг пат и немате (освен онаа двојно подолгата заобиколницата преку Демир Хисар), па и не ме чуди што го возите тој пат... (без навреда)


Се тури муабетов. Темата беше за ТАГ уреди кои не ги детектира патарината...
Плетвар е тазе пат, битола охрид исто така е тазе пат, така да убаво ви вика фиљо
Лукоил излез од охрид до хиподром скопје 1:50
Фиат дукато 2.3 130 хп

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #160 на: 03 Август 2024, 23:41:30 pm »
Utre ako ne zaboravime site sto sme vo Ohridov da udrime po edna fotka od patarinive na vrakjanje za SK.
Mislam deka najvekje sex kje se jade od Mavrovo nadole do semaforot kaj Gostivar ama aj kje kaze vremeto.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3890
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #161 на: 03 Август 2024, 23:45:36 pm »
И ја се прибрав денес... Не доаѓаше у предвид за утре пак гужва да јадам.

Со пауза од 15тина минути на стража - 2 саата и 5 минути.

Со ц2-чето

Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14199
  • Пудингот на шоферството
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #162 на: 04 Август 2024, 01:11:14 am »
Бт-Табановце за 2ч со лабаво возење и 2 застанувања на пумпа и патарини. ;D
Со брзо темпо сат и половина мах.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #163 на: 04 Август 2024, 02:13:55 am »
Кавадарци - Петровец за 15 минути сум стигнал. Има ли некој побрз?

Глупости правите.
Немаме ние патишта за тие брзини. Кога се проектирани автопатиштата, радиусите на хоризонталните кривини на автопатиштата се дефинирани за брзини до 100 km/h. Тоа е брзина  со која две возила ќе возат паралелно во кривина секое во своја сообраќајна лента и нема да си ја загрозуваат траекторијата на движење. Некој паметен стави ограничување на брзина на автопат од 130 km/h. Го има само на правите делници.
Ова е за автопатиштата, а што правиме за патиштата од пониска категорија каде проектираните брзини се и мнооогу помали во кривини? Не вреди тука нов асфалт. Проектираните брзини се за НОВ асфалт. Штом почне асфалтот да се пополнува со прашина, не важи веќе проектираната брзина...

Втор проблем: пред мостовите постои армирано бетонска належна плоча врз насипот. Насипите не се прописно набиени, земјата пропаѓа и належните плочи пукаат. НЕМА мост пред кој има слегнат асфалт и не се отскокнува. Уште ако е во кривина, еве ти причина за срање при долетување.
Уште еден проблем со мостовите: дилатационите фуги на најголем број мостови се пропаднати, па и од нив полетувате во воздух.

Трет проблем: по зимското засипување на патиштата со ризла, никој не ја отстранува од коловозната површина. Пробај кочи го возилото кога има ризла на пат, а не е замрзнат патот...

Четврт проблем: стока на патот (не онаа во човечки облик), диви свињи, мечки, коњи, кучиња

Петти проблем: замастени асфалтни површини - во Македонија паѓаат малку дождови а возиме кршови кои трошат моторно масло и истото паѓа на асфалтот. Да не спомнувам дека често се истура нафта (а и уље) од камиони, автобуси и други големи возила

Шести проблем: пропаднати сообраќајни ленти (колотрази ги викаат србите). Да ве потсетам како менува правец на движење преку нив или како се вози кога се полни со вода?

Седми проблем: земја на патиштата падната од гумите на трактори, џипови и останати возила кои имаат гуми со крапмони или длабоки шари

Осми проблем: одрони и клизишта. Да објаснувам?

Да набројувам уште?

Колку и да ја знаете состојбата на патот оти секојдневно возите по него, не знаете кога ќе истрча некое животно, кога ќе заврне дожд, кога ќе излезе некој селанец со трактор со нечисти гуми...
Не си играјте со брзо возење, ајде вие што ќе загинете, него ќе повлечете и други луѓе со вас... А ако вие не загинете, а другите отидат? Ако некој остане инвалид и кој доктор ќе ве лечи ? Сте размислувале на тоа? Како ќе се појавите пред фамилиите на тие други луѓе??

Него, баталите муабети за брзото возење. Темата беше за ТАГ уреди кои не ги детектира патарината...

Ако нема нова паметна информација на оваа тема, да побараме администраторите да ја затворат темава?


P.S. Не се палете на првата реченица од оваа порака. Бев со Милутин
« Последно менување: 04 Август 2024, 12:51:00 pm flashgordon007 »

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 856
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #164 на: 04 Август 2024, 06:11:26 am »
Кавадарци - Петровец за 15 минути сум стигнал. Има ли некој побрз?

Глупости правите.
Немаме ние патишта за тие брзини. Кога се проектирани автопатиштата, радиусите на хоризонталните кривини на автопатиштата се дефинирани за брзини до 100 km/h. Тоа е брзина  со која две возила ќе возат паралелно во кривина и нема да си ја загрозуваат траекторијата на движење. Некој паметен стави ограничување на брзина на автопат од 130 km/h. Го има само на правите делници.
Ова е за автопатиштата, а што правиме за патиштата од пониска категорија каде проектираните брзини се и мнооогу помали во кривини? Не вреди тука нов асфалт. Проектираните брзини се за НОВ асфалт. Штом почне асфалтот да се пополнува со прашина, не важи веќе проектираната брзина...

Втор проблем: пред мостовите постои армирано бетонска належна плоча врз насипот. Насипите не се набиени, земјата пропаѓа и належните плочи пукаат. НЕМА мост пред кој има слегнат асфалт и не се отскокнува. Уште ако е во кривина, еве ти причина за срање при долетување.
Уште еден проблем со мостовите: дилатационите фуги на најголем број мостови се пропаднати, па и од нив полетувате во воздух.

Трет проблем: по зимското засипување на патиштата со ризла, никој не ја отстранува од коловозната површина. Пробај кочи го возилот кога има ризла на пат, а не е замрзнат патот...

Четврт проблем: стока на патот (не онаа во човешки облик), диви свињи, мечки, коњи, кучиња

Петти проблем: замастени асфалтни површини - во Македонија паѓаат малку дождови а возиме кршови кои трошат моторно масло и истото паѓа на асфалтот. Да не спомнувам дека често се истура нафта (а и уље) од камиони, автобуси и други големи возила

Шести проблем: пропаднати сообраќајни ленти (колотрази ги викаат србите)

Седми проблем: земја на патиштата падната од гумите на трактори, џипови и останати возила кои имаат гуми со крапмони или длабоки шари

Осми проблем: одрони и клизишта. Да објаснувам?

Да набројувам уште?

Колку и да ја знаете состојбата на патот оти секојдневно возите по него, не знаете кога ќе истрча некое животно, кога ќе заврне дожд, кога ќе излезе некој селанец со трактор со нечисти гуми...
Не си играјте со брзо возење, ајде вие што ќе загинете, него ќе повлечете и други луѓе со вас... А ако вие не загинете, а другите отидат? Сте размислувале на тоа? Како ќе се појавите пред фамилиите на тие други луѓе??

Него, баталите муабети за брзото возење. Темата беше за ТАГ уреди кои не ги детектира патарината...

Ако нема нова паметна информација на оваа тема, да побараме администраторите да ја затворат темава?


P.S. Не се палете на првата реченица од оваа порака. Бев со Милутин
Се што кажа е на место