вчера прв пат и втор пат во еден ден не ми крена рампа на м-таг лента
првиот пат на Градско околу 15:30, имаше 2 м-таг ленти отворени јас на левата
секогаш возам околу 30 затоа што читам разни искуства на интернетот, па и јас го искусив наглото кочење пред рампа
среќа немаше гужва, па се вратив и се престроив на десната и поминав без проблем
вториот пат на Велешка патарина околу 21:00
една лента беше активна и пред мене немаше никој и повторно не крена рампа
за 10 секунди веќе се напикаа коли позади, се тргнав настрана и излезе супруга на тој во канцеларија да му мафне дека не работи рампата, на што добивме одговор па што да правам јас сега
колоната почна да се враќа наназад, во меѓувреме ја исклучија таа лента и ја пренаменија соседната за м-таг
додека ја пренаменија, влегоа двајца без м-таг, па ај и тие да се разберат
па првава ја отворија за кеш, па ај тргнав да платам со кеш, па кога тргнав бипна и се отвори рампа
хесусе...
не сум имал проблем до сега, а го користам тагот откако постои кај нас и сум го користел и во Србија и кај нас
ова е прв пат во еден ден, два пати да се соочам со проблем