mCard и јас користам уште откако ја уведоа.
Само еднаш имав проблем, ми беше одземено повеќе денари (10 или така нешто). Им пишав мејл со поплака на Патишта, ми ги вратија парите. Не беше за десетте денари, туку ме копкаше зошто.
И да - ја користам mTag лентата некогаш бидејќи на Миладиновци - Штип и обратно, некогаш немаат означено лента за mCard, а имаат ДВЕ за mTag.
@smole - Намали доживљај и ти, ела стрелај ме.
Со грчкиот mTag понекогаш имам проблем, не ја чита. А стои на истото место каде што сум поминал на претходната патарина.
Но ми има заштедено минимум 4 часа чекање во две лета.
Тоа што ти одзеле повеќе пари било затоа што кога влегуваш во лентата за патарината, одма после жолтиот ѕид од лева страна има поставено сензор, се гледа личи како рефлектор. Тој детектира со каков тип на возило си и соодветно да те смести во категорија за наплата.
Веројатно си поминал побрзо и сензорот грешно те отчитал. Ова ми го посочи тогаш вработената кога ја зимав Мкард, не брзај во лентата, туку кога влегуваш во самата патарина, вози споро да те отчита убаво сензорот.
Иначе на секоја лента има за Мкард да ја куцнеш картичката, така да со Мкард можеш да поминуваш на Cash, Mcard, Mtag и на тие што се со црвено означени бидејки на сите има ставено такво за да ја куцнеш Мкард картичката.
Јас си ја надополнувам по 1000че секогаш кога сумата ќе ми дојде на околу 300-400 денари, си имам оставено букмаркс на телефонот, ми го има запамтено бројот на картичката, пола минута работа е да си надополниш средства, веднаш се префрлуваат.
Така да
@Vlatce-Vectra тоа се некои предности на користење на електронска наплата на патарина, прв во лента, макар и со Мкард, губиш 5 секунди во однос на тој со Мтаг, ама во однос на тие што се на лента во Кеш каде што знаело и по 15 коли да чекаш, јас со Мкард ќе имам платено, веќе ке возам 120 и ќе бидам едно 2 км после патарина од тебе.
А до Гевгелија ги имаш 5 патарини