Сега читав околу ова и да, така е. Прво регенерацијата се прави. Не ми менуваше масло и филтри истиот дечко туку еден, па после тоа отидов до кај друг за на дијагностиката (на истиот плац ама голем е површински, не бевме сите истворемено на иста локација). Можеби затоа не рекол ништо и не бил свесен, а јас не знаев дека така оди процесот па да му речам дека штотуку сменив масло (не ни планирав да правиме регенерација, туку за другата грешка сакав да видиме ама излезе и ова успат кога ги видовме бројките).
Инаку, пред да сменам масло на шипката покажуваше во граници на нормалата. Е сега, никогаш не сум мерел во милилитри колку било истрошено во споредба со претходно. После промената на маслото, го ресетирав на инструмент таблата и после регенерацијата го проверив беше паднато на 97%. Дали тоа сеуште значи дека е лошо и треба да се смени? Во најлош случај ќе менувам ако треба и филтри одново..